Силна експлозија денес ги зафати две соседни станбени згради во Линкопинг, кој се наоѓа на околу 175 километри југозападно од Стокхолм, во јужниот дел на Шведска. Причината за експлозијата засега не е позната, полицијата нема никакви информации дека станува збор за тероризам, а повредени се 25 лица.

Од силната експлозија десетици прозорци се искршени а се уништени и балконите во зградите. Полицијата го евакуира соседството, а и луѓето од двете згради, во кои едната зграда имала пет, а другата четири спрата.
„Засега немаме никакви информации за да веруваме дека експлозијата е поврзана со тероризам“, – изјави портпаролот на полицијата Бјорн Оберг за АП.