Тело на 30 годишен Македонец било извлечено од Јадранското море на подрачјето на Бониново во Дубровник.
Во тек е истрага околу околностите за оваа смрт, а локалните хрватски медиуми неофицијално наведуваат дека најверојатно станува збор за давење на машко тело, а при идентификација е потврдено дека се работи за 30 годишен Македонец кој бил со постојан престој во Дубровник.
Неофицијално хрватските медиуми дознаваат дека човекот паднал во морето и не можел да излезе, а потоа бил извлечен од морето каде се уште давал знаци на живот, но подоцна починал.
30 годишен Македонец се удави во Дубровник
![30 годишен Македонец се удави во Дубровник](https://arhiva.bregalnicki.mk/wp-content/uploads/2019/03/received_296658947680146.jpeg)