Од 9-16 мај при организација на Филозофското друштво на Македонија ќе се оддржи 9. Филозофски филмски фестивал.
Настаните како и главната програма ќе се случуваат во Кинотека во Скопје, каде учество ќе земат домашни и интернационални гости – филозофи, професори, истражувачи и режисери.
Фестивалот институционално е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура и Градот Скопје. Соработници на Фестивалот се Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Кинотека, МКЦ Скопје, како и три филмски академии: ЕФТА и ФДУ од Скопје и Филмската академија при УГД Штип, а свој придонес ќе дадат и Гете-институтот Скопје, Францускиот институт во Скопје и Италијанската амабасада во Скопје.