Актерот Тони Михајловски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се нашол на листата на обвинети од актуелните власти во државата. Листа која секојдневно се повеќе и повеќе се продолжува. Според Лидер во предлогот за обвинението кое неофицијално се однесува на Тони Михајловски се сбазира на закани упатени преку социјалната мрежа Фејсбук.
Михајловски се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, информираа од Обвинителството.
-соопштува Лидер.
По овој повод пред малку на фејсбук се обрати и самиот актер Тони Михајловски:
Ко што рече Ѓеро на насловна “Премиерно ќе го крка Тони Шанац”. Но, животот е тркало. Час си горе, час долу.
Тоа што ме има во вашите црни тефтери за отстрел, што ги спомнуваше великиот режисер, само ми е доказ дека треба продолжам како и до сега.