Во очекување на претстојната сезона за берба на овогодинешниот род на сина слива и вишна во Делчевскиот и Малешевскиот регион, како Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево апелираме властите во државата, пред се ресорното министерство, но и локалната власт предводена од Градоначалниците на овие општини да посветат поголемо внимание и да сторат се што е во нивна моќ за откупот и пласманот на овие земјоделски производи, со цел да не се повторат минатогодишните немили настани околу овој проблем со кој се соочуваат локалните индивидуални земјоделци и земјоделски стопанства од оваа дејност.
Во Пијанечкиот регион пред се во општините Делчево и Берово поголема целна група на земјоделци работат и живеат од овие приходи кои ги остваруваат од производство на сина слива и вишна, така што непостоењето на откупните центри, и можностите за пласман на овој род, може да предизвика трајни штети во оваа дејност, како и дополнително да го влоши стандардот на граѓаните.
Во досегашниот период од владеење на оваа власт сведоци сме дека речиси воопшто не се реализирани никакви конкретни активности од страна на надлежните институции во оваа сфера така што загрижува игнорантскиот однос на властите кон земјоделието воопшто.
-Превземено од фејсбук страната на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево