Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Дарко Митевски, во видео изјава објавена на социјалниот медиум Фејсбук, денес промовираше нов проект од својата предизборна програма. Истиот се состои во доделување на бесплатни монтажни куќи за млади брачни парови и сиромашни кои живеат во руралните средини во Македонска Каменица.
Градоначалникот Дарко Митевски воедно е и кандидат на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Македонска Каменица.