• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Репортажи

Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина

април 9th, 2022 Колумна, Репортажи коментари 1450

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина

Војната во Украина е најголемата војна во Европа после Втората Светска Војна. Истата е најголемата и, за жал, најкрвавата војна во 21 век. Војната во Украина е од големо историско и геополитичко и геоекономско значење, и од нејзиниот исход зависи во многу траекторијата на меѓународните односи во светот.  Се работи за војна каде што воените дејства се од висок интензитет, со користење на сите видови оружја и огнена сила.

 Прогнозирањето во модерното војување е неблагодарна задача. Особено во услови на модерно војување во 21 век, кога војната не само што е продолжување на политиката со други средства, кога не постои јасна граница помеѓу војната и мирот, и кога големо влијание над политиката, а со тоа и над воените операции имаат медиумите и информативната поддршка и пропаганда. Секоја војна или воена операција после нејзиниот почеток е обвиена со магла, и секоја војна си добива свој тек и правец, кој што е различен од шаблонот на кој што сме навикнати.            Ќе се обидам да ја моделирам претстојанта битка за Донбас, која што најверојатно ќе го реши исходот на војната во Украина, како и траекторијата по која што потоа ќе се движат и развиваат и Украина и Русија.

Во 21 век никогаш немало битка од толкава големина како битката за Донбас, а во Европа немало од Втората светска војна. Битката за Донбас, за која подготовките траат веќе неколку дена од двете страни, ќе го реши исходот на војната во Украина, доколку претходно дипломатите на преговарачката маса не си подадат рака и не склучат мировен договор кој ќе стави крај на војната, но договор од кој што и двете страни нема да бидат задоволни.

Во Донбас се создаваат две моќни воени групи од двете завојувани страни. Русија преместува војници од другите правци (Киев, Чернихив, Суми) како и од внатрешноста на Русија. Покрај на Донбас, ударна група е стационирана и во Курската област. Плус после ослободувањето на Мариупол додатни 50 000 војници ќе бидат префрлени на правецот Славјанск – Краматорск. Украина, слично на Русија, преместува војници од  под Киев, Чернихив и Суми, но во помал обем. Покрај тоа, вооружените сили на Украина, очигледно, преместија единици и формации на новоформираниот резервен корпус (вкупно беа префрлени 40-45 илјади луѓе) во источниот дел на регионот Днепропетровск, во правец на Донбас, за да се спречи опкружувањето на вооружените сили на Украина во Донбас.

Русија заедно со Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република ќе може да распореди околу 250-270 илјади војници (околу половина – припадници на доњецката и луганската армија и доброволни формации). Руската армија како и доњецката и луганската армија во регионот на Донбас имаат распоредено околу 2 000 тенкови и артилериски системи (реактивна и топовска артилерија – без минофрлачи) , 300 различни видови на борбени авиони, и околу 250 борбени хеликоптери. Од Украина: 130-150 илјади војници (вклучувајќи го и резервниот корпус и 20-30 илјади набрзина префрлени војници од Киев, Суми, Чернигов),  околу 350 до 400 тенкови, 200 различни артилериски системи, 15 до 20 авиони, и околу 20 хеликоптери. Предноста во војница е двојна, во тенкови и артилерија повеќе од тројна, во авијација и хеликоптери е до десет пати. Разликата во војници и воена техника е огромна, но останува прашањето дали Русија ќе успее да го искористи сето тоа на полето на битката.

Битката за Донбас несомнено ќе биде генералната битка на целата воена кампања и за Русија и за Украина. Најверојатно, ударните клинови на руската, доњецката, луганската армија поддржани од авијацијата и артилеријата ќе ја започнат офанзивата и продорот по оската Барвенково-Покровск и меѓу урбаните агломерации Лисичанско-Северодонецк и Славјанск-Краматорск. Со ставањето под контрола на градот Изум во областа Харков, пред руската армија се отвара можност да ја стави во котел главнината на украинската армија на Донбас, и да ја отсече од остатокот на Украина. По што би се пристапило кон разделување на огромниот котел на помали котли, и нивно систематско уништување со помош на руската авијација и артилерија. Налик на стратешката операција „Багратион“ на Црвената Армија во 1944 година против силите на Вермахтот на територијата на Белорусија во Втората Светска Војна.

Интересно е дека стратешката иницијатива од самиот почеток на војната постојано е во рацете на Русија. И двете завојувани страни се соочуваат со исти проблеми со можниот развој на битката за Донбас. Според воените правила, не е запазена густината на војници на км од фронтот, ниту од страната на Украина за одбрана (наместо 20-25 војници на 1 км, Украина има околу 13-15 војници), ни од страната на Русија и доњецката и луганската армија за престојната офанзива,  не е постигната потребната густина на војници на км, земајќи го предвид потенцијалот и бројноста на вклучените сили од страната на Русија. И Украина и Русија можат да го надминат овој проблем под услов на спроведување на масовна мобилизација и масовно регрутирање на волонтери, но тоа е исклучено, и не се гледа во моментов, а битката за Донбас е на прагот. Поради тоа, и двете страни најверојанто ќе импровизираат.  

Задачата на Украина е да и нанесе непоправлива и голема штета на руската армија, да ја искрвари што е можно повеќе, да добие нови информативни причини за спротивставување на Русија, плус помошта и решеноста на Западот да и помогне на Украина во војната против Русија. Сето тоа на крајот треба да предизвика разочарување кај населението во Русија, како и масовни протести против војната.

Задачата на Русија е да ја опколи и уништи украинската армија на Донбас со најмали загуби за руската армија, плус за доњецката и луганската армија, плус да се зачува и инфраструктурата на Донбас. Силни страни на Украина: мотивирана армија, познавање на теренот, добра линија на одбрана на источниот бедем од Северодонецк до Авдиивка, плус разузнавачки информации кои што во реално време САД и НАТО и ги предаваат на Украина. Но позадината на украинската армија не е заштитена, и доколку Русија го затвори котелот на Донбас, украинската армија ја чекаат тешки денови, и истата ќе биде отсечена од Днепропетровск и Павловск, како и од Днепар. Силни страни на Русија: воздушна супериорност, разузнавачки информации во реално време, способност за континуирано лансирање масивни ракетни напади, мотивирани единици на доњецката и луганската армија, стратешката иницијатива е во рацете на Русија, постојаното маневрирање на воените единици на терен, што и овозможува на руската армија да ги бира правците на напад, односно местата каде што украинската одбрана е најслаба. Но како што напредуваат преговорите, можно е дипломатите од двете страни на преговарачка маса да и стават крај на војната пред да започне битката за Донбас, да си подадат рака и да склучат мировен договор, кој што нема да ги задоволи двете страни, но ќе и стави крај на трагедијата која што 8 години трае во Украина. Дипломатската активност на Европа, плус новите санкции од САД и Европа против Русија, се со цел да се спречи битката за Донбас, и да се постигне мировен договор. Повеќе од јасно е дека Украина ги изгуби Донбас и Крим, а Русија ја изгуби Украина, и дека и двете страни не ги постигнаа своите стратешки цели во оваа војна.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар



  • Ознаки
  • војна
  • Дарко Тодоровски
  • Донбас
  • Колумна
  • Русија
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Јавна трибина по повод Денот на Ромите во Кочани
Следна објава Колку треба да си очаен за да испечатиш пари на обичен принтер и да ги пуштиш во оптек?
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 902
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

611
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1847
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.