Политичката партија Левица, на 26 септември (среда) со почеток во 19:00 часот, во кружната сала во Комитет, организира отворена политичка трибина на тема ,,Бојкотот како самоодбрана”.
На оваа трибина учество ќе земат членовите на Президиумот на партијата ,,Левица”: Dzejlan Veliu, Zoran Vasileski, Recep Ismail и Борис Крмов.
Во отсуство на јавни дебати и расправи, за исклучително важни политички теми, Левица уште еднаш ќе се обиде да го пополни демократскиот вакум создаден на политичката сцена во Македонија и да одговори на горливите прашања што со себе ги носи политичката реалност.
Бојкотот на претстојниот државен консултативен референдум како единствен механизам за самоодбрана од крајно штетниот договор за името со Грција, како и потенцијалното влегување на државата во воено-милитаристичкиот сојуз НАТО, ќе бидат само дел од точките за кои јавно ќе се говори на трибината.
По излагањата на учесниците на трибината, ќе следува отворена дискусија на која присутните ќе можат активно да се вклучат во неа, поставувајќи прашања кон говорниците.