Со денешнава изјава сакам да ве информирам дека дел од моите средства како месечен надомест во вид на плата ги донирав за колегите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Поточно на дел од вработените во шумската полиција односно на целата шумска полиција и на подрачните единици на министерство за земјоделство. Практично овие два сегменти се најистурените одделенија на министерството кое што секојдневно имаат комуникација со странки односно земјоделци и работа на терен.
Со оглед дека во изминативе неколку месеци имаат многу малку речиси неминовно добиено средство за заштита одлучив на своите колеги да ги донирам. Ова што денеска го направив не го правам за некоја лична промоција и некој маркетинг. Ова го правам за да бидам можеби пример за останатите во државата каде што дел од средствата ќе ги донирам и ќе ја подигнеме општествената свест и да си помогнеме во овие тешки времиња кога можеби е најтешко во Република Македонија, практично и во светот.