Во врска со состојбата во која вработени на Општина Лозово се подложени на животна голгота со закана за нивната егзистенција преку прогонот на нивните работни места, во јавноста своја реакција попладнево упати Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово Бошко Цветковски.
Тој го прозва градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски дека ставал реакција срценце “” на споделувањата на социјалните мрежи на оваа информација.
Притоа Цветковски упати порака до институциите дека доколку не престане ваквата состојба на голгота на вработените во Општината дека ќе граѓаните ќе организираат протести пред надлежните институции кои нема да си ја завршат службената обврска која им е дадена во име на граѓаните.
Во продолжение го пренесуваме коментарот на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски во врска со оваа состојбаЧ
“Во момент кога административни службеници излегуваат пред Телевизиски камери за јавно да побараат од институците да превземат конкретни дејствија кои би ја запреле голготата која секојдневно ја доживуваат од првите луѓе на општината, Градоначалникот, Велковски крајно недолично, безобразно и арогантно, става реакција “” на секој еден што ја споделил објавата поврзана токму со овие случувања!!Се прашувам, дали на тој начин, сака да покаже дека “НИКОЈ НИШТО НЕ МУ МОЖЕ” што реално повлекува дополнително прашање:КОЈ ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ГО ШТИТИ, ГО ОДОБРУВА И ВОЕДНО МУ ОВОЗМОЖУВА ДА СЕ ОДНЕСУВА ВАКА БЕЗ ДА ОДГОВАРА?!До кога ваквите чинители ке јаваат на бранот на еуфоријата ,мислејки дека времето почнува и завршува со нив и дека вечно ке им трае ова задоволство?!Дали конечно надлежните институции ќе се одважат и ќе ја запрат операцијата “ЈАДЕЊЕ ЖИВИ ЛУЃЕ”?!
Затоа,Јас, Бошко Цветковски, Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ од Лозово, јавно, јасно и гласно ќе им порачам: Доколку ова не запре СЕГА И ВЕДНАШ, ќе бидеме приморани борбата да ја продолжиме преку организирање на протести пред секоја Институција која нема да си ја заврши работата која има обврска да ја врши!!!”