Во петок 22.03.2019 година со почеток во 13.00 часот во просториите на Јавна соба во Скопје ќе се одржи промоција на на книгата “Македонски волнени времиња” од Катица Ќулафкова.
Македонски волнени времиња е збирка интервјуа што Катица Ќулавкова ги има давано за многу весници, списанија, портали и други медиуми од 1992 до 2017 година.
Книгава е куса, разговорна, културна, политичка и емотивна историја на самостојна Република Македонија. Таа е сведоштво за една скептична свест по однос на причините и методите на евизиите на идентитетот на современата македонска држава. Kнигава ја разобличува македонската колективна траума обележана со систематско лишување од радоста на слободното живеење.
Можеби историјата ја пишуваат победниците, но ја менуваат големите идеи за слободата.
Хуманизацијата е отворен, а не завршен процес.
Личниот и колективниот идентитет не се паралелни светови, напротив.
Депресијата стана начин на живеење во Македонија.
Оспорувањето е македонска константа.
Штом се релативизира еден идентитет, треба да се очекува негова негација.