Храната е столбот на нашиот здрав живот. Со храната функционираме, се лекуваме, живееме. Пред илјадници години многу повеќе се верувало во храната од него во денешно време. Во минатото постоеле намирници за кои се верувало дека се волшебни, а се користат и ден денес.
Амарант
Најкористен од Ацтеките, кои верувале во неговата натприродна моќ, но поради тоа што го користеле за религиски ритуали бил забранет.
Артичока
Потекнува уште од грчката митологија и се сметало за афродизијак, каде на жените им било забрането да го користат.
Лук
Британците уште пред илјадници години закачувале лук на влезната врата со цел да се заштитат од зли духови, го користеле и за изгореници од сонце и настинки.
Краставици
Потеклото им е индиско, каде во тоа време се верувало дека помага за плодноста на жената.
Кромид
Секогаш користен во египетски дела, се верувало дури и дека може да ги стане мртвите и дека бил корисен дури и во задгробниот живот.
Јаболко
Јаболкото се јадело за да останете млади и силни, во италијанската историја нај љубовен гест да импресионираш девојка било да и подариш јаболко
Афион
Афионот бил богот на спиењето, се конзумирал при проблеми со несоницата
Смоква
Духовна храна уште од Библијата, се верувало дека лечи од сите болести во тоа време