Македонците имаат една поговорка која гласи: Ако летнеш по бумбарот, ќе слеташ на измет. Е, токму Вие, господине Макрон, летнавте по Бугарите и до гуша се извалкате.
Свесни сте што поддржавте со тој Ваш предлог за деблокирање на преговарачкиот процес со Македонија? Ги поддржавте налудничавите, геноцидни и профашистички барања на Софија!
1. Ја поддржавте Софија во барањето: Ние, Македонците, како победници во Втората Светска Војна, да им се извиниме на бугарските фашисти кои ја окупираа Македонија и да ги рехабилитираме бугарските фашисти кои стрелаа малолетни македонски патриоти и депортира 7.144 македонски Евреи во Треблинка во окупирана Полска.
2. Ја поддржавте Софија во геноцидното барање да го избришеме Македонскиот јазик и идентитетот Македонски.
3. Ја поддржавте Софија во налудничавите геноцидни барања да се избришеме како Македонски народ и да се самопрогласиме за креација на Коминтерната и на Тито.
4. Ја поддржавте Софија во налудничавите барања да се откажеме од културното и историското Македонско наследство.
Е, ова, не е европско однесување! Господине Макрон, нанесовте срам на целиот Француски народ и на Европската Унија во целина. Затоа, господине Макрон, на наредните избори ќе добиете не десет, туку дваесет пати помалку гласови.
Пишува Дардан ВЕНЕТСКИ