Во вечерашната емисија “Топ тема на ваша страна” на Телма телевизијата беше емитуван прилог за истрагата која ја врши специјализирана форензичка лабараторија на Атлантскиот совет од Вашингтон поради зголемената активност на движењето #Бојкотирам на твитер и влијанието кое го остварува врз заедницата на социјалните мрежи.
Според анализата на профилите во последниот период се објавени 3032 твита. Тоа е всушност оригиналната содржина поединечни објави на различен вид на пораки со клучниот збор или хаштагот #Бојкотирам. Потоа истите биле над 19 илјади пати реобјавени од страна на профили кои ја поддржуваат кампањата. Значи дека околу 80% од целата објава на твитер доаѓа од профили кои ги објавуваар веќе истакнатите твитови и пароли.
Истовремено во оваа истрага се идентификувани 9 кориснички профили како најангажирани во кампањата:
- Јован Кукузел #Бојкотира
- Пази ЛЕЏА #Бојкотира
- ☜☆☞ Чиз™ ☜☆☞ #Бојкотира
- Angel of Alexander of Macedon #Бојкотира
- Goran Cvetkovski #Бојкотира
- #Бојкотирам
- ja-ja
- Даскалот #Бојкотира
- effo
Според информациите во прилогот кој може да го погледнете во споменатата емисија во временскиот интервал од 40:50 до 44:10 овие профили се едни од најзастапените генератори на автентична содржина поврзана со движењето #Бојкотирам на твитер чии што објави доживуваат ниво на виралност со реобјавување на истите.