• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Ердоган и Турција му објавија дипломатска војна на Западот

октомври 30th, 2021 Колумна коментари 906

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ердоган и Турција му објавија дипломатска војна на Западот

Дипломатските односи помеѓу Турција и западните држави се на најниско ниво во поновата историја. 23-ти октомври Ердоган изјави – „Му наредив на министерот за надворешни работи веднаш да почне да ги објавува овие десет амбасадори „персона нон грата“. Ердоган го повика Западот да не се меша во внатрешните работи на Турција. На 25-ти октомври, американската амбасада и другите амбасади ја објавија својата посветеност на немешање на амбасадорите во внатрешните работи на Турција според Виенската конвенција. Ердоган и Турција се посебно осетливи кога се работи за мешањето во внатрешните работи на Турција. Но Турција е стратешки важна за САД и за НАТО, бидејќи Турција е главниот столб на јужното крило на НАТО. Плус САД во Турција имаат воени бази, на кои што имаат распоредено авионски атомски бомби.

Дипломатска војна

Ердоган нареди да се протераат од земјата амбасадорите на Германија, Данска, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, САД, Финска, Франција и Шведска, кои повикаа на ослободување на турскиот бизнисмен Осман Кавала“. Според The New York Times, Белата куќа стоеше зад апелот на голем број земји кои бараат ослободување на турскиот опозициски лидер, што предизвика дипломатски скандал и ја разлути Турција и Ердоган. Тоа е прв пат држава членка на НАТО, и држава која што беше еден од најважните сојузници на САД на Блискиот Исток и во Азија, да протера дури 10 амбасадори на влијателни западни држави, меѓу кои и на САД. Она што е интересно е дека Велика Британија не зеде учество во повикот за ослободување на Осман Кавала. Велика Британија и Турција имаат стратешки односи, и во моментот Велика Британија е најважниот западен сојузник на Турција. Овој потег на Ердоган и Турција предивзика дипломатски земјотрес, и е главна тема на светските медиуми. На таков потег во историјата не се одлучиле ниту најголемите непријатели на САД и на Западот, а ниту пак стратешки сојузници на САД и на Западот. Ниту Путин, ниту Кси Џинпинг не би се осмелиле или одлучиле на таков потег, независно од тоа колку се лоши односите САД и Запад со Русија, и САД и Запад со Кина.

Причината поради која што Турција и Ердоган се одлучија на таков чекор е што на 18-ти октомври Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД побараа „фер и брзо решение на случајот“ со Осман Кавала, турски издавач и покровител, кој е во затвор четири години без судење. После тоа Ердоган се закани дека ќе протера амбасадори од десет земји, по повикот Турција да го ослободи Кавала. Ердоган кој што важи за човек кој што стои на зборот, на крајот ја исполни заканата.

Осман Кавала е познат турски активист за човекови права, основач на културната фондација Anadolu Kültür AŞ, која, особено, поддржува проекти на етнички и верски малцинства, честопати со меѓународен фокус, вклучувајќи помирување меѓу турското и ерменското население и мирно решавање на курдското прашање. Во февруари 2020 година, турскиот суд ја ослободи Кавала од обвиненијата за вмешаност во обид за соборување на владата во протестите во паркот Гези во Истанбул во 2013 година, но обвинителството во Истанбул издаде нов налог за апсење истиот ден. Против Кавала беа покренати нови обвиненија, овој пат за учество во обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година[1].

Неуспешниот воен пуч

Односите Турција САД, и Турција ЕУ постојано деградираат и уназадуваат почнувајќи од 2016 година, и неуспешниот воен удар во Турција. Според Ердоган, турската влада и поддржувачите на Ердоган, зад воениот пуч стои организацијата на Фетула Ѓулен (кој што се наоѓа во САД, и САД одбиваат да го испорачааат на Турција), која што е поддржана од САД и Западот. Јавна тајна е дека во 2016 година Путин го спаси Ердоган од воениот пуч на турската армија и од сигурна смрт. Турција е држава која што е позната по воените пучеви, и по клучната улога на армијата во државата. Во 2016 година, моќните руски разузнавачки системи на северот на Сирија пресретнале разни разговори помеѓу учесниците во воениот пуч. Руските тајни служби преку свои извори во Турција успеале да ги потврдат овие разговори и информации. Путин и рускиот воен и политички врв решиле да му помогнат на Ердоган. Путин во Турција го испратил еден од своите најблиски сојузници, кој што на таен состанок на Ердоган му ги пренел сите информации и планови за подготовките за воениот удар. Русија дури испратила во Турција преку Сирија воен хеликоптер со руски специјалци, кои што биле во турски воени униформи, и кои што биле подготвени во случај на успех на воениот пуч, да го транспортираат Ердоган во Сирија на безбедно. Со помош на Путин и на Русија, Ердоган тогаш доби на време, успеа да ги консолидира лојалните редови во армијата, како и преку турската тајна служба МИТ да го спречи воениот удар. Ердоган излезе голем победник од неуспешниот воен удар, и тој му послужи како причина за да ја засили својата власт, и да ги зголеми ингеренциите на претседателот.

Турција под водство на Ердоган и на неговата Партија за правда и развој се осмели да води самостојна надворешна политика, и да не се подчинува на американската надворешна и воена политика на Блискиот Исток. Турција е држава која што има Императорска историја и минато, и турскиот народ како и турските воени и политички елити имаат императорски начин на размислување. Во Турција сеуште владее мислењето дека Турција е најголемиот губитник од Првата Светска Војна, која што доведе до распад на моќната Османска империја. Англија и Франција го поделија источниот дел на Блискиот Исток (исто така наречен „Голема Сирија“ кој што беше дел од Османската империја) меѓу себе во договорот Сајкс-Пико. Модерна Турција смета дека тоа е историска неправда, со која што Турција е оштетена, и дека со вештачко скроените граници голем број на турски територии и граѓани останале надвор од границите на модерна Турција.

Поради тоа, САД и Западот се решија да ја казнат Турција, преку економски санкции, хибридна војна, како и отворена пропаганда против Ердоган и неговиот стил на владеење. Останува да видиме дали Ердоган, неговата Партија за правда и развој, како и Турција ќе го издржат притисокот, и ќе останат доследни во спроведувањето на самостојна надворешна политика во иднина.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • геостратегија
  • Дарко Тодоровски
  • дипломатија
  • Ердоган
  • Колумна
  • став
  • Турција

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава На денешен ден во 1940 година згаснува животот на Македонскиот деец Димитрија Чуповски
Следна објава "Предавници и херои"- нова песна на Мирослав Шкоро
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 612
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 627
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 612
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 599
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 529
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 963
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 612
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 745
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 786
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

796
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2208
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1441
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201818
Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија
Македонија

Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија

Мар 28th, 202217
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201916
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.