Во рамки на своите програмски определби и политички заложби за зголемување на јавното и транспарентно работење на институциите, Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во јавноста излезе со соопштение кое што се однесува на исполнување на ова негово ветување.
Градоначалникот Петков ја информира јавноста дека започнувајки од 9-та седница на Советот на општина Виница која што ќе се одржи во вторник на 31.05.2022 година со почеток во 13.00 часот ќе се врши директен пренос во живо на седниците на советот, во насока на обезбедување на отчетна, транспарентна и одговорна општина Виница.
Преносите на седниците на Советот на Општина Виница ќе се реализираат преку јутјуб и фејсбук платформите на општина Виница.
“За отчетна, транспарентна и одговорна општина Виница “
-соопшти Градоначалникот Миле Петков по тој повод.
