Нервоза, треперење на глас, галопирање во место, поглед вперен насекаде- крај не можеш да му фатиш, скокање од тема во тема со искажување на неповрзани целини и реченици, сомнителна гестикулација…
Вака може накратко да се препознае денешниот говор на тело на претседателот на државата Стево Пендаровски по изнудениот Совет за безбедност чие што свикување го правдаше со банални причини додека вистинските причини за неговото свикување се заплашување на народот кој што масовно се спротивставува на предлогот за бугаризација на Македонија!