Во износ од над две илјади евра Град Скопје под раководство на Градоначалникот Петре Шилегов распиша Јавен оглас за набавка на 100 знамиња (со дрвени држачи) на албанската заедница во Р.Македонија.
Според спецификацијата на Јавниот оглас знамињата е потребно да бидат со димензии 80 до 90 цантиметри и ширина од 169 до 180 сантиметри со должина на дрвени држачи од 170 до 190 сантиметри и дијаметар од 1,8 до 2,2 сантиметри.
Изгледот на знамето на албанската заедница во Р. Македонија треба да биде како на сликата која што е дадена во прилог на техничката спецификација.
Со болдирана напомена во техничката спецификација е напоменато дека основата на понудените знамиња треба да биде со црвена боја, додека грбот-двоглав орел )прикажан во средината на цртежот) треба да биде во црна боја.
Материјалот од кои што треба да бидат изработени знамињата треба да биде три кончан полиестер т.н. ШАРМЕР….
И така…