• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Груевски: „Oрото се врти“ и се е минливо и менливо

ноември 16th, 2017 Македонија коментари 841

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Мега интервју во повеќе дела направи Република со лидерот на македонската опозиција и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во првиот дел од интервјуто прочитајте за спорот со името, членството во НАТО, односот на македонската влада, за тоа дали и идентитетот оди во пакетот за промена на името кој го турка власта, кој може ова да го спречи. За ова и многу повеќе прочитајте го првиот дел од интервјуто…

Што се случува во ВМРО-ДПМНЕ после изборите?

ГРУЕВСКИ: После изборите како што најавивме по локалните избори, посветени сме на правење на анализа.

Во анализата учествуваат повеќе структури на партијата. Покрај генералниот секретар и уште неколкумина од раководството, вклучени се и општинските комитети и кандидатите за градоначалници со свој допринос во оваа анализа. Во склоп на општинските комитети вклучени се и преставници на месните комитети на партијата.

Сондираме мислења и на надворешни личности и аналитичари, и секако и од дел од членовите на партијата кои не се активни по месните и општинските комитети, но се дел од нашето 170 илјадно членство. Имаме и доста неформални меѓусебни разговори во раководството околу изминатиот и идниот период на дејствување на партијата.

Која е целта на оваа активност?

ГРУЕВСКИ: Целта е јасна. Да се разглоби целиот период зад нас во детали, да се утврдат слабостите за во иднина да се корегираат. Секако да се утврдат и позитивните чекори, за да се користат понатаму. Ова од секој аспект, како организациски и кадровски, така и политички.

Секој има свој агол на гледање, и добро е внатре во рамките на партиските органи да се разгледаат и издискутираат. Сето тоа ќе заврши на разгледување и одобрување кај највисоките партиски органи.

Партијата имаше 10 последователни победи во еден 12 годишен период. Неодамна имавме и пораз, и потребна е сериозна анализа.

По поразот во првиот круг во интервју изјавивте дека дел од причините за поразот се должат на бројни нерегуларнсти, притисоци, закани, уцени, и многу поткуп. Подоцна, како резултат на ова не ги признавте изборите.

ГРУЕВСКИ: Да, јас кажав дека првичната анализа оди во правец дека дел од нашите гласачи не казнија заради тоа што имаа перцепција дека остапивме од некои традиционални политики, а дел не гласаа заради многу притисоци, закани, уцени и заплашувања.

Поткупот на овие избори беше присутен како никогаш претходно. Како да признаеме такви избори? Ако ги признаеме главната порака ќе биде продолжете вака и наредниот пат.

Но, меѓународната заедница ги призна…

ГРУЕВСКИ: Да, слично како и во 2004-тата на претседателските избори, кога имавме класично и брутално полнење на кутиите, така и сега, живееме во период кога меѓународната заедница сака да види стабилизација на политичкиот живот во земјата и натамошни чекори, кои и тогаш, преку формата на спроведување на Рамковниот договор, и денес преку формата на промена на името заради влез во НАТО,  сакаше и сака да види силна влада, победничка влада, охрабрена влада, со ветар во грб, со ослабната опозиција која треба да се занимава сама по себе, или со други зборови мирно море за власта за да го реализира ветеното кон нив. Впрочем СДСМ беше свесна за тоа и затоа употреби толку многу агресија, закани и поткупи во овие избори. Тие беа свесни дека како партија која ветила редефинирање на земјата, каде примарна работа е промената на името, штетниот за нас Македонците договор со Бугарија, неуставниот закон за употреба на јазиците, подготвеност за прифаќање на мигранти во иднина, итн., ќе имаат толеранција за се, вклучувајки и спроведување на вакви африкански избори.

Ќе се вратиме на изборите, како гледате на решавањето на името и членството во НАТО?

ГРУЕВСКИ: Тоа се две суштински работи за нас. Членството во НАТО е нешто што беше во врвот на нашите приоритети додека бевме на власт, а и сега. За Македонија е многу важно да стане дел од НАТО алијансата и дел од ЕУ. Тоа никогаш не било спорно. Ние во 2008-мата пред Самитот во Букурешт ги бевме исполниле сите услови за зачленување во НАТО, а една година подоцна и за почеток на преговорите за полноправно членство во Унијата, што беше и јавно обелоденето од нивна страна. Сепак, пречка за реалзиација на овој наш стремеж беше нашето име и идентитет.

Велите и идентитет?

ГРУЕВСКИ: Да, Името е дел од идентитетот, и намерата е идентитетот да ја следи судбината на името, на еден или на друг начин.

Што значи тоа, на „на еден или на друг начин“?

ГРУЕВСКИ: Грција не прифаќа да имаме договор кој би го поминале во нивниот парламент, во кој нашиот јазик и националност би се напишале на англиски како „македонски“, односно macedonian. Тоа значи дека не е подготвена да го прифати нашиот идентитет, и бара, и ќе бара, разни форми за тоа да не се случи. Една од тие форми е и во договорот воопшто да не се третира идентитетот преку формата на името, на јазикот и на нацијата. Тоа кај нас би требало да предизвика радост, поточно да се продаде дека не сме го смениле идентитетот, но, во реалноста нема да е така, затоа што Грција нема да дозволи никаде во меѓународните политички институции да пишува Macedonian за нашиот јазик или нација. Сега веќе, со оваа нова власт и тоа би поминало.

Зошто, што е сменето со новата власт?

ГРУЕВСКИ: Сменето е многу. Грција, како и цел свет знаат дека ова е марионетска власт која е донесена а не избрана од народот, со цел да попушти по ова прашање, и да направи целосно редефинирање на земјата. Да ги задоволи сите други, освен сопствениот народ. И кога ја знаеш таквата позиција на преговарачот од другата страна, сигурно дека ќе бараш и повеќе.

Всушност ако некогаш Грција од 100 проценти преговарачки пакет, беше можеби спремна да остапи до 10 отсто, сега нема ни 5 отсто да остапи, можеби и нула. Ние сакавме да го решиме прашањето со компромис, што подразбира позначителни остапки од двете страни. Тие сакаат да го решат во нивна корист безмалку целосно. Затоа и неуспеаја нашите напори. Се плашам дека новата марионетска власт во Македонија ќе ја прифати оваа позиција на нашиот сосед, како што тоа го направи во договорот со Бугарија. Покрај деблокирањето на процесот за членство во НАТО и ЕУ,  од самиот договор, најмногу, некој ситни и неважни детали како исход од преговорите ќе ни ги продава како некаков крупен успех.

Тоа значи, дека ако нашата страна попушти се, проблемот брзо ќе се реши?

ГРУЕВСКИ: Веројатно да. Бидејки има теории кои имаат покрупна геополитичка заднина, дека дури и Македонија да попушти се, некои структури во Грција заради други покрупни геополитички интереси ќе се обидат да спречат решавање на проблемот. Сепак, тоа ќе им биде извонредно тешко да го објаснат, и поверојатно е дека со попуштање на се од страна на македонската марионетска влада, ќе се затвори прашањето.

Но, што со народот, со опозицијата?

ГРУЕВСКИ: Планот им е преку заплашувања, притисоци, апсења и поткупи да го решат тоа. Се чини имаат одврзани раце од надворешните фактори да прават што сакаат, ако е со цел да попуштат за името. Народот го чувствува тоа.  Ова е висока политика и геополитика, а не терање правда. Планот им е луѓе да гнијат по притвори и затвори, да не излезат од судници, да одговараат за конструирани работи, судиите да судат без докази како што ќе им се каже, медиумите да го оправдуваат сето тоа. Ќе се уништуваат и оцрнуваат личности, семејства, луѓе, партии и се што е на патот на оваа марионетска власт. Само за да се оствари големата геостратешка цел, која, за да биде иронијата поголема, не е спорна за нас во ВМРО-ДПМНЕ, и напротив е најмалку исто, а и повеќе посакувана отколку во СДСМ, тука мислам на членството во НАТО, само што разликата е во тоа што ние сакаме пофер договор по однос на суштината на спорот со нашиот јужен сосед.

Овие пак од СДСМ и нивните поддржувачи од секаков профил, ќе ликуваат на тоа, ќе се радуваат, ќе си препишуваат успеси и триумфи, ќе  летаат во облаци како што и веќе се случува, ќе живеат со некое самозадоволувачко чувство, а не се свесни дека „орото се врти“ и се е менливо и минливо, и меѓу нас некои мислеа дека цел живот ВМРО ќе биде на власт и се залажуваа не мислејќи на утрешнината, дека еден ден работите ќе се свртат во обратна насока против нив самите, но и оние кои ќе учествуваат и ќе ја помагаат нивната валкана игра.

За жал колку и да заплашуваат и замолчуваат, апсат или поткупуваат, конфликтноста во македонското општество ќе расте, колку и времено некој сето тоа да го поттисни и умртви преку втерување страв. Кругот на одмазди нема да запре, напротив. Во налетот при престојното редефинирање на земјата да се уништи политичкиот противник или неистомисленик, и при сите непромислени чекори кои веќе ги имаме, се создава нова ситуација за нови епизоди на меѓусебна конфликтност, реваншизми, одмазди и враќања.

Најтрагично е тоа што преставниците на меѓународната заедница се менуваат на секои 3 или 4 години, а ние треба да останеме и да живееме тука цел живот.

Постои ли начин ова да се спречи?

ГРУЕВСКИ: Само народот е тој кој може да ги смени нештата. Но, видовме дека неодамна на локалните избори, една значајна бројка луѓе беа исплашени, изманипулирани, притиснати, уценети, заплашени. Некои и поткупени. Негативната пропаганда која се води повеќе од три години обзема дел од луѓето исто така.

Стратегијата беше нас да не прикажат како нечесни, да ни измислат афери, и да не прогонуваат, за да се реализира зацртаната цел. Во основа ако погледнете низ светот, тоа е практика на многу места кога се има некоја геостратешка цел, и кога на патот некој ќе застане од една или друга причина. Ако некој е способен и работи за својата земја, или ќе му смислат дека со нешто не ги почитувал законите и со тоа сторил криминал, или ќе му смислат сексуална афера, или нешто слично. И треба да е среќен, што е жив.

И ако немаат докази ќе се обидат да измислат, како на пример правење на незаконските снимки да се докази. Ако и тоа не е доволно ти вадат нови закони за заштитни сведоци и што ли уште не, само за на сила да те обвинат со измислени докази.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Владата дефинитивно одлучи: од 2018 поскап бензин за 3,5 денари
Следна објава Улогата на Заев не е, и никогаш не била, наменета за буџетче, даноче, тротоарче, или друга ситнурајка
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 179
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 169
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 188
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 748
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 195
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 236
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 74
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 149
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 176
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

885
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2521
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА
Македонија

Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА

Фев 28th, 2020 1473
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Кирацовски:  Граѓаните можат да направат сериозна разлика помеѓу она што ние како Влада го сработивме за две и пол години и тоа што 11 години ВМРО-ДПМНЕ го правеше
Македонија

Кирацовски: Граѓаните можат да направат сериозна разлика помеѓу она што ние како Влада го сработивме за две и пол години и тоа што 11 години ВМРО-ДПМНЕ го правеше

Апр 10th, 201922
Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина
Колумна

Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина

Апр 9th, 202220
Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи
Македонија

Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи

Јун 22nd, 202019
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.