• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Игор Јанушев од Велес: СДСМ е спремно да се дрзне и на фалсификат на самиот референдум

септември 17th, 2018 Македонија коментари 549

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Во денешната посета на Велес и Велешани, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговарајќи на новинарски прашања, соопшти повеќе релевантни и актуелни информации кои го засегаат работењето на партијата но и навлегуваат длабоко во сиштината на секојдневното живеење на граѓаните на Велес но и цела Македонија.

Новинар прашање: Господине Јанушев го посетивте Велес, кои се вашите впечатоци од контактите со граѓаните?

Да точно така она што го најавивме извесен период речиси секој ден сме во различни градови разговарајќи со граѓаните, на дел од нив исто така им ги објаснуваме штетните последици од капитулантскиот договор кој што владата на Заев и СДСМ го потпишаа.

Она што е евидентно од она што го разговараме со разговараме со граѓаните, има еден помал дел кој што се уште за жал не се воопшто запознати или во многу мал обем се запознати со текстот на истиот, меѓутоа она што може да се забележи од најголемиот дел од нив е дека воопшто не се согласуваат да прифатат едно вакво капитулантско дело кое што всушност значи не само бришење на името на државата, но исто така значи бришење на јазикот, идентитетот и на се она што е македонско и со кое што векови наши претходници се бореле и залагале.

Новинар прашање: Вечерва имате состанок и со потесното раководство на партијата. Која ќе биде темата на разговор?

Точно така ќе имаме состанок на Општинскиот комитет на партијата овде во Велес. Нема да биде потесен, туку отворен за целото членство и симпатизери кои што сакаат да присуствуваат на состанокот. Покрај актуелната политичка ситуација нормално дека ќе разговараме и за внатре партиските актуелни теми.

Новинар прашање: Продолжувате ли понатаму со протесните маршови?

Да планираме уште најмалку еден протестен марш кој што ќе се одржи следната недела и кој што во наредните денови исто така ќе биде и објавена и локацијата и времето на тој настан/

Новинар прашање: Беше најавено дека денеска претседателот Мицкоски ќе биде вечерва тука во Велес, а вие сте тука која е причината за неговото отсуство?

Претпоставувам дека станува збор за некаква шпекулација и недоразбирање не било најавено присуство на Претседателот Мицкоски, барем не за вечерва во Велес, со оглед на неговата агенда и посетите кои што ги врши по градовите, сметам дека во наредниот период од месец – месец и половина ќе го посети и Велес.

Новинар прашање: Дали освен протестните маршеви до денот на одржувањето на референдумот партијата планира да направи и граѓански средби на кои што ќе разговара со граѓаните, можеби ќе отвори прашања, можеби ќе ги соопшти своите ставовите зошто да го бојкотира референдумот?

Партијата не донела став да го бојкотира референдумот. Партијата се реши за најдемократскиот и најслободоумен начин на изразување на граѓаните каде што буквално повеќе пати објаснивме дека ова е прашање кое што е над сите политички партии, дека е над било кој поединец во Република Македонија. Задира во чувствата на сите нас како Македонци и дека македонскиот народ покрај тоа што има многу пропатено во изминатиов период особено последнава година и пол, е доволно свесен, паметен и знае како треба да одлучи и како ќе постапува на самиот ден на референдумот на 30 септември. Во однос на првиот дел од вашето прашање, всушност и ова во Велес што го направивме во еден дел е посета на граѓаните разговор со нив и она како што кажав, оние кои што се уште немаат доволно информации за самиот договор со Грција да им објасниме зошто ние како партија сме против договорот и зошто го сметаме за капитулантски и штетен.

Исто така она што е доста евидентно, начинот на кој што пробува власта во последен момент да ја вовлече ВМРО-ДПМНЕ во целата оваа прикаска која што цело време ја држеше настрана, бидејќи се поевидентно е и за нив нема да успее референдумот, пробуваат сега на картата на ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа не го прифаќаме, ние од самиот старт го кажавме нашиот став. Од друга страна го гледаме Заев како јавно без никаков пардон нуди и повикува на поткуп, за што и поднесовме кривична пријава  и бараме од обвинителството да постапува во однос на истото. Ако одиме по еден следствен тек на настаните се погласни се и шпекулациите дека СДСМ е спремно да се дрзне и на фалсификат на самиот референдум, што се надевам дека граѓаните нема да го дозволат истото.  И ние исто како политичка партија ќе застанеме на вистинската страна и нема да дозволиме, било какво понатамошно урнисување на државата.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мето Колоски за Никола Тодоров: -Фала му на БОГА што овој не стана премиер
Следна објава Заев: -Завземај став! Мицкоски: -И Квислинг имал став како вас, но бил запишан на темната страна на историјата
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 374
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 353
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 368
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 990
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 365
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 405
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 174
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 256
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 339
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

494
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

1969
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Соопштение на здружението "Здравје со игла не влегува"
Македонија

Соопштение на здружението "Здравје со игла не влегува"

Јан 20th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.