Откако пред неколку денови со своето интервју за порталот МКД.мк ги затекна со спуштен гард во нивната привидна комоција создадена од скапо платената пропаганда и манипулации во јавност, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го разобличи целокупниот лажен ПР на Никола Димитров и Зоран Заев со чија што помош ја манипулираа Македонската јавност.
По промената на името на Република Македонија на незаконски, нелегитимен и насилнички начин во Македонскиот парламент под превезот на лагите дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ, сега на овој апокалиптичен пат кон провалијата по кој СДСМ го носи Македонскиот народ се испречува уште поголем проблем.
Во текот на вчерашниот ден на прес конференција Николоски ги објави шокантните документи кои се вградени во забелешките на Европската Комисија и извештајот за Република Македонија според кој што ќе се утврдува дали Македонија ќе го добие долго најавуваниот датум за почеток на преговорите за членство на државата во ЕУ.
Овие документи во кои што е содржано барањето на соседна Бугарија за бришење на Македонскиот јазик, негирање на постоењето на Македонскиот народ во соседните држави и бришење на делови од најзначајната национална историја на Македонија, со целата перфидност и способност за манипулација биле скривани од страна на Никола Димитров и актуелниот државен врв од јавноста во Македонија. И тоа не затоа што ттака им текнало туку затоа што овие документи говорат за слабоста, немоќта, незнаењето и манипулациите на актуелните властодршци во Македонија кои за пуста власт редефинираа на катастрофално лош начин повеќе државни обележја на Република Македонија во изминатите три години.
Со тоа Александар Николоски стана директен таргет на скапо платената пропагандна машина на СДСМ во недостиг на контра аргументи на неговата прес конференција а со надеж за спас на кариерата на Никола Димитров и политиките на кои се базираше целиот систем на владеење на СДСМ во изминатите три години.
Краткогледоста на целиот естаблишмент на СДСМ се огледа и во тоа што поради нивната замаеност со лични квалификации кон Николоски, не стигнаа да го видат предлогот кој што Николоски го истакна за надминување на ваквата неповолна состојба во која се наоѓа Македонија по владеењето на Зоран Заев и политиките на Никола Димитров.
Станува збор за иницијатива за создавање на усогласена внатрешна заедничка стратегија за национална безбедност и усогласена надворешна политика на Република Македонија во очекување на најавените притисоци за бришење на Македонскиот јазик, Македонскиот народ и делови од националната историја што се идентитетски обележја за нашето постоење пред целиот свет.
Во споменатото интервју од пред некој ден Николоски соопшти:
Никола Димитров наместо кога патува во странство времето да го троши на кодошење на ВМРО-ДПМНЕ и барање од своите соговорници да го напаѓаат ВМРО ДПМНЕ, да го трошеше времето на заштита на националните интереси, веројатно ваков документ од Бугарија немаше да има.
Сакам да потсетам дека овој документ е продолжение на Декларацијата на Собранието на Бугарија од октомври минатата година со која декларација се ставија темелите на овој документ кој сега официјално го прифати ЕУ. Со Декларацијата на Собранието на Бугарија се бара да се избрише македонскиот народ и јазик. Тогаш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предложи како одговор на тој бугарски документ да се донесе декларација во Собранието на Македонија со која ќе се одговори на истата и ќе се заштитат македонскиот јазик, народ, како и националното малцинство во соседните земји. Побара истата да биде поддржана од сите релевантни политички парти. Наместо да се отвори дебата за оваа понуда и да се развие заедничка стратегија, добивме комплетно игнорирање од власта. А во последниов месец и криење и лажење на јавноста за новите уцени со кои е соочена Македонија. Нас како држава итно ни е неопходно да создадеме заеднички усогласена надворешна политика како и стратегија за национална безбедност. Овие два документи треба да се прифатени од сите политички партии и да бидат основа на работата на секој министер за надворешни, внатрешни и одбрана како и директорите на безбедносните агенции, без разлика од која партија се. Тоа го предлага Мицкоски, но наместо одговор на подадената рака добивме криење и бегање од одговорност, што резултира со национално понижување кој знае кое по ред со Заев и Димитров. За жал ова може да е фатално за државата и народот.
И наместо во СДСМ да се занимаваат со оваа проблематика тие со целото свое незнаење и неспособност прибегнаа кон она што најдобро го знаат а тоа е во недостиг на аргументи и визија што да прават, тргнуваат со лични напади кон нивните политички неистомисленици со што манифестираат лажен привид на моќ пред Македонскиот електорат во пресрет на претстојните избори.
За ВМРО-ДПМНЕ останува стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ а тоа Николоски јасно го истакнува во своето интервју:
– Членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет број еден, желба на огромно мнозинство на македонскиот народ. Ние можеме и ќе станеме дел од ЕУ. Можеме тоа да го направиме достоинствено, а не понижени.
Проблемот е што власта на Заев и Димитров освен национални порази, криминал и економско опустошување ништо друго не донесе. Народот е национално понижен, а економски сѐ повеќе тоне секој ден. После мандатот на Заев и Димитров што имаме? Странски инвестиции нема, домашните се ретки, економско цунами, осиромашени граѓани. Дополнително на тоа, имаме и целосно национално обезличување. Ајде да споредиме што имавме пред Заев, а што имаме денес. Дури и една далеку од добра политика на владите пред Заев ја позиционира Македонија како земја чиј јазик, македонскиот и националноста, македонска, беа признати од Обединетите Нации, а под уставното име беше призната од мнозинство од земјите членки на ООН. Денес името е променето, националноста исто така, а со овој документ на Бугарија под опасност е и јазикот, историјата и македонското малцинство во соседните земји. Затоа впрочем Заев е најпосакуван политичар од Македонија за Бугарија и Грција. Тој, за да го заштити својот криминал, подготвен е сѐ да распродаде, а овие наши соседни држави да можат да ги остварат своите вековни национални интереси. Ние сме за добрососедски односи, но истите мора да бидат плод на взаемно почитување и разбирање, плод на согласности, а не на уцени.
И дополнително ги дефинира црвените линии на Македонскиот идентитет преку кои не смее да се премине:
– Македонскиот јазик не може и не смее да биде предмет на каков било договор и не смее да биде доводен под прашање. Тоа е јазикот на кој сите ние зборуваме. Нашиот идентитет. Отстапки тука не смее да има! Гласно го поставувам прашањето дали Заев и Димитров се спроведувачи на проектот за бришење на македонскиот јазик и создавање на нова т.н. „северномакедонска нација”? Јавно прашувам дали можеби Заев ова го прави под уцена имајќи предвид дека неговото семејство поседува фирми во соседни држави и дали е тоа предметот на уцена?
Наместо светлата иднина која ја ветуваше, добиваме уништена економија, луѓе кои едвај чекаат да заминат од Македонија, и целосно национално обезличување.