Во текот на утринските часови на радиото “ZZZ” од Мелбурн Австралија во програмата на Македонски јазик гостуваа претставници на Глобалната координативна мрежа на Македонците во странство. Во емисијата со водителот Ицо Најдовски Перин свое обраќање имаа Драган Стоиловски од Швајцарија и Виолета Тировска од Словенија како претставници на Координативното тело на Македонците во Европа и Драги Стојковски кој што е Претседател на организацијата “Обединети Македонци” од Канада.
Овие тројца претставници на Македонскта дијаспора во Европа и Северна Америка говореа за нивните активности поврзани со проблемите со кои се соочуваат Македонците околу промената на името на Република Македонија како и за ангажманот на Македонската дијаспора околу напорите за организирање на што е можно поголем број на Македонци за пријава за гласање на претстојните парламентарни избори на 12 април во Република Македонија, со цел да изберат свои претставници во идниот Македонски парламент кој ќе биде воспоставен.
Во продолжение погледнете го обраќањето на овие тројца активисти за зачувување и афирмација на Македонските национални интереси:


