Кандидатот за градоначалник на Општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов, денес реализираше посета на приватна компанија чија примарна дејност е од областа на трговијата со земјоделски репроматеријали и земјоделска механизација. Во разговорот со сопественикот клучен проблем кој е посочен и за кој е разговарано е развојот на инфраструктурата и потребата за изградба на автопатското решение Делчево-Бигла-Виница-Кочани.
Исто така искажана е и потребата за проширување на граничниот премин кон Благоевград со дополнителна лента за товарни возила. Разговарано е и за унапредување на досегашната успешна соработка со Општина Делчево и основање на Бизнис совет во кој доминантна улога ќе имаат приватните стопанственици од Делчево. #НоваЕра #СекогашРабота