Откако градоначалникот на Општина Штип присуствуваше на манифестација во чест на Киро Глигоров на која присуствуваше и свое излагање имаше и Срѓан Керим, весникот Слободен печат му посвети насловна страна на Бочварски со замерка зошто седел до Керим и присуствувал на иста манифестација со него.
Инаку Керим важи за човек близок до сегашната опозиција. На ова Бочварски одговори со фејсбук статус во кој додава дека тој е градоначалник за сите граѓани независно дали припаѓаат на некоја партија а секој кој се огрешил пред законот треба да одговара.