Во март 1944 година во малиот мелничарски град Лаколу во Јужна Каролина, САД, полицијата дојде по 14 годишниот Џорџ Стини Помладиот. Неговите родители не беа дома. Неговата помала сестра се криеше во кокошарникот зад семејната куќа додека полицајците му ставаа лисици на рацете на нејзините браќа Џорџ и Џони по што ги одведоа со нив. Тоа беше последен пат кога таа за последен пат го виде Џорџ.
Недалеку од нивната куќа две млади девојчиња биле пронајдени до смрт претепани со сериозни фрактури на главата и оставени во ендек со вода.
На 16 јуни 1944 година младиот Џорџ Стини станал најмладиот американец погубен со смрт на електрична столица. Бил толку мал што на електричната столица властите морале да стават весници и книги за да може престрашеното лице и глава на младиот Џорџ да ги постават на електродата низ која биле пуштени 5380 волти силна електрична енергија. Џорџ бил висок 150 cm и тежок 43 kg.
Пред тоа младиот Џорџ бил затворен и држан во изолација во ќелија на одалеченост од 80 милји од неговиот дом.
Неговата смрт и она што претходело на неговото погубување во малата ќелија во која бил затворен Џорџ со децении потоа ќе ги измачува активистите за човекови права.
Џорџ бил испрашуван во мала соба, сам без присуство на неговите родители, без адвокат. Полицијата тврдела дека дека младото момче го признало убиството на Бети Џун Биникер- 11 години и Мери Ема Тејмс- 9 години, признавајки наводно дека сакал да има секс со Бети. Властите побрзале потоа да му пресудат. Судењето траело 2 часа а за 10 минути поротата го прогласила младиот Џорџ за виновен на 24 април 1944 по што бил осуден на смрт со електричен удар. На судењето неговиот адвокат-локален политичар немал никакви забелешки.
Првичното судење со кое што бил погубен младиот Џорџ е типична илустрација на тогашниот американски судски систем во кој што сите правосудски органи биле со бела боја на кожата. Немало пишан документ од т.н. признание на младиот Џорџ.
Во 2014 година судијата Кармен Мулен пред јавноста претставил нов доказ со кој што ја обжалил пресудата на судските органи од 1944 година на 70 годишнината од смртта на младиот Џорџ.
“Мислам дека нема поголема неправда од нарушувањето на човечките уставно-загарантирани права на поединецот кои што постојат во овој случај,”
-напишал судијата Кармен Мулен во својата јавна белешка за самиот случај.
Несоборливиот доказ за неправедното погубување на младиот Џорџ бил фактот што тој со неговата телесна структура на телото не може да го подигне тешкиот предмет од 19,07 килограми со кој биле убиени младите девојчиња.
Случајот со младиот Џорџ Стини бил инспирација за книгата “Зелената Милја” на светски познатиот писател Стивен Кинг по која истотака беше сниман и истоимениот филм со Том Хенкс во главната улога.