• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Спорт

Комити- Скопје: Еве за кого идат благодарностите!

јуни 6th, 2019 Македонија, Спорт коментари 833

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Комити- Скопје: Еве за кого идат благодарностите!

Благодариме на сите искрени честитки кои дојдоа од цела Македонија, од надвор од регионот, од пошироко и од сите страни.
Велат дека на мака се познаваат јунаците и пријателите, но ние велиме дека во радоста уште повеќе се познаваат оние кои се наши искрени пријатели.

Оние кои се радуваат со нашата радост, оние кои го почитуваат успехот, оние кои го препознаваат хероизмот и надчовечкиот напор со кои до успехот е дојдено, но и оној мал дел кои на успехот и радоста им завидуваат и ги гледаат ко негативна појава само поради тоа што не ги доживеале тие, туку некои други…

Им благодариме на сите кои се одзваа на повикот за заедничко дефиле, пречек и прослава. Оние кои одвоија речиси цел ден и не мрднаа и покрај најавите за големо доцнење на авионот, до оние на Аеродромот но и до оние на Плоштадот.

Благодарност до Скопска Пивара, кои не освежија со Скопско Пиво во жешките моменти но и за цело време на Аеродромот кога имавме потреба да ја изгасиме жедта…
Им благодариме на сите кои со себеси понесоа обележја на нашиот Вардар, Национални Македонски знамиња, Македонски државни знамиња, пароли, пиротехника но пред се искрени срца и насмеани лица…

Им благодариме на Ноќни Волци кои направија дневниот конвој од Јане Сандански до Аеродромот да изгледа спектакуларно…
Моќните звуците од нивните мотори да го разбудат и мобилизираат и оној мал дел од градот кој до тогаш сеуште не беше станат на нозе…Дефилето од Аеродромот Александар Велики до Плоштадот Македонија да изгледа како една сеопшта инвазија од апокалиптични размери, како организирана и дисциплинирана евакуација на цел еден град “на безбедно” за време на ерупција на активен вулкан.

А таму пак во центарот на тој град повторно се активира уште еден уште помасивен – Супер вулкан, од кој нема бегање и сите кои се најдени таму се опуштени и препуштени, па и затоа се радуваат ко да се последните моменти…па ако треба да биде нека биде, и нека не однесе сите судбината со насмевка, во голем стил, во прегратка на најблиските, пеејќи на цел глас песни кои ги исполнуваат срцата.
Им благодариме на сите кои на било кој начин учествуваа во организација на онаа незаборавна ноќ, која помина и во раните утрински часови, за да може токму на Плоштадот со Европската титула и заедно со цела Црвено-Црна Армија да го прославиме нашиот Триесет и втори роденден.

Им благодариме на RK Vardar комплетно од економот, стручниот штаб, раководството, сопственикот но пред се на момците кои изгинаа на терен и пружија надчовечки напори за повторно да не израдуваат нас навивачите, но и цел Македонски народ, подарувајќи ни надеж, нова енергија и поголема верба во самите себеси. Не дигнаа од мртвите кога се делуваше безнадежно и кога народот делуваше понижен и покорен. Не потсетија дека никогаш не треба да се откажеме и секогаш треба да се бориме за она што го сакаме.

Благодариме што му донесоа втора ѕвезда на клубското лого која вечно ќе стои таму да го краси се до моментите додека не се направи место за уште некоја. Сега тоа е наша следна цел, затоа што видовме заедно колку овој народ е гладен за вакви успеси, и веројатно никаде на светот не е повеќе посакувана титулата и не се слави повеќе отколку тука…

Ви благодариме на сите вас големи играчи кои си заминувате од овој голем клуб, си заминувате со кренати глави и како национални јунаци. Си заминувате но бидете сигурни дека вашите дела и пожртвуваност за дресот со боите Црвена и Црна никогаш нема да бидат заборавени и секогаш сте добредојдени во овој наш град и оваа наша најсакана земја Македонија!

Ви благодариме на сите вас кои останувате лојални на Вардар во годините кои доаѓаат, вие ќе бидете костурот на следниот тим од кој ќе стравува цела Европа, коски ќе им се тресат а истовремено ќе сакаат да бидат покрај вас за да преземат барем мал дел од енергијата која ја создаваме и ќе ја создаваме заедно. 

Заедно сме најсилна љубов !
Заедно сме моќна институција !
Заедно сме Македонска Авангарда !
#ВардарВоСрцето#МакедонијаВоДушата

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Да бидеме хумани, да помогнеме малиот Дејан да има среќно и безгрижно детство
Следна објава Спасовден - Празникот на Христовото вознесение
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 506
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 483
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 491
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1139
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 472
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 535
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 276
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 355
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 500
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

2016
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1182
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Горазд Росоклија -  ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Македонија

Горазд Росоклија - ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Мар 12th, 201925
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201925
Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?
Македонија

Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?

Окт 25th, 201722
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.