Косовската полиција заплени поголема количесрво оружје во Генерал Јанковиќ, во близина на косовско-македонската граница, кај Блаце.
Според полицијата запленети се автоматска пушка АК-47, две пушки М-48, една ловџиска пушка,14 пешадински мини, 13 рачни гранати, 2.472 куршуми разни калибри,двогледи, ножеви и 30 шаржери за муниција.
Во акцијата е уапсен А.В.(37), кому судија во претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 48 часа.