НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 81
СЈО ИЛИ ПРАВЕЊЕ МАЈМУНИ ОД ГРАЃАНИТЕ
Владата донела акт во сила на закон да се префрлат пари за вработените во СЈО и тоа до 20 Јуни 2020 г. Образложија дека ако не им се исплатат плати и секакви додатоци, тие ке тужеле и тогаш ке сме плателе дополнително и камати и судски трошоци.
Не сум правник, но сум легалист и така е! Не треба да се оди по судови каде секако ке се изгуби. До тука се е во ред. Ама.
СЈО беше формирано 2015 г. по “асистенција” од Калето. Сите партии гласаа, и сите знаеја дека шефицата на СЈО, Катица е неука и неписмена, недорасната за таква функција. Ама им одговараше на тогашната власт и опозиција. Да може да се манипулира со некадарната шефица.
Таа беше во СЈО “и бог и батина” (српска изрека, незнам соодветна наша), па тропаше по вратите на МВР и велеше “отвори, отвори” и безброј други глупости. Не умееше ни да го прочита она што и беше напишано. Таа вработи над стотина луѓе,со дебели плати и со уште подебели бонуси од најразличен вид.
Беа покренати обвиненија само за дел од власта. Дуиџиите беа невини како јагниња. Од толку “силната” работа СЈО доби 3-4 предмети. И потоа, потоа -пукна “тиквата”. Зошто партиите не го укинаа законот за СЈО, не се раскинаа договорите со вработените, и да се вратат од каде дошле. Власта не го побара тоа, оти нивно беше СЈО. Незнам зошто опозицијата молчеше?!
П.С. ова е мој 81-ви поглед низ џамогледот. Ми пишуваа дека ,бил замаглен и не сум можел ништо да гледам, но ке продолжам додека имам каков-таков сопствен ум и физичка сила.
Пишува: Крум Николовски