• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Културниот геноцид во Егејска Македонија

септември 21st, 2019 Македонска бесмртност коментари 871

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Културниот геноцид во Егејска Македонија

Со признавање на името, Атина ќе мора да го признае и културниот геноцид над Македонците во Грција.

Американскиот правник Рафаел Лемкин го дефинира терминот геноцид како физичко уништување на еден народ. Како пример за тоа најчесто се наведува истребувањето на Евреите за време на Втората светска војна. Веќе во 1944 година Лемкин кон терминот геноцид го додаде и терминот културен геноцид (cultural genocide) – еден народ може да биде и постепено истребен со уништување на неговата култура. Крајните ефекти од едно такво уништување се всушност истите како и кај физичкиот геноцид.
Под терминот кулурен геноцид се подразбира следното:
1.секоја акција која води кон уништување на културните вредности на еден народ и неговиот етнички идентитет;

  1. секоја акција која има за цел одземање на земјата и изворите на еден народ;
  2. секоја форма на размена на население или преселба на еден народ;
  3. секоја форма на присилна асимилација преку законодавни, административни или други мерки;
  4. секој вид пропаганда против еден народ.
    Годинава е 105 годишнината од приспојувањето на Егејска Македонија кон Грција – период во кој Грција непречено го има спроведувано културниот геноцид спрема македонското малцинство.
    Средствата што грчките власти за овие 105 години ги применува се следните: забрана на употреба на мајчиниот јазик, забрана да се пеат македонски песни, искоренување на сите натписи на славјански јазик во црквите и на надгробните плочи, промена на сите лични и фамилјарни имиња во грчки, преименување на имињата на села, градови, реки и планини, ограничување на вработување во админстрацијата и отпуштање од работа на активисти кои работат за правата на македонското малцинство.
    Други средства што се користат се преселување на Македонци на грчките острови, размена на населението со Бугарија кога најмалку 120.000 Македонци мораа да ги напуштат своите огништа, а 650.000 понтички Грци истовремено беа населени во Егејска Македонија како и перманентното протерување на Македонците по Граѓанската војна во 1949 година…
    За спроведување на сите овие мерки на културен геноцид грчките власти ги усвоија и следните закони: Закон 332, 1926 година за промена на името на топонимите; Закон 2.366, 1938 година со кој се забранува македонскиот јазик; Закон 2.536 (1953) за колонизација со Грци на северните погранични места; закони 3.958 (1959), 1.108 (1972) 660 (1977) со кои се ограничуваат можностите на протераните Македонци да се вратат во Грција и на истите да им се вратат имотите.
    Тука треба да се спомене и предлог законот од 1946 година за крајното решение на македонското прашање преку протерување на сите Македонци. Законот не беше усвоен.
    Се поставува прашањето дали интернационалните органи или големите држави знаеја и знаат што се случува во северна Грција. Единствениот пат кога светската јавност реагираше беше во 1925 година кога Друштвото на народите во Женева донесе одлука Грција да престане со културниот геноцид и да ја подобри ситуацијата на македонското малцинство. Грција ја прифати женевската одлука и во тој момент дури и го отпечати познатиот Абецедар за потребите во училиштата. Но, од ветените реформи ништо не беше исполнето, настава на македонски јазик никојпат не се одржа.
    Во почетокот на 90-те години одминатиот век кога повторно можеше да се покрене дискусија за македонското прашање во печат излегоа два извештаи „The Slav-Macedonians in Greece” од данскиот Хелсиншки Комитет (1993) и „The Macedonians in Greece, denying ethnic identity”, Human Rights Watch, New York ( 1994). И двата извештаи го потврдуваат постоењето на македонското малцинство и дискриминацијата кон тоа малцинство од страна на грчките власти.
    Благодарејќи на тој вид на извештаи, а најважно на работата на македонските активисти во Грција, Европскиот Суд пресуди во корист на македонското малцинство за нивното право на отварање на Македонски културен дом. Но, грчките власти тотално ја игнорираат пресудата. Очигледно е дека тие и понатаму ќе ја игнорираат – отвoрањето на Македонски кулурен дом воедно ќе значи признавање на македонскиот народ и потврда за досегашнато уништување на нивната култура.
    Македонските активисти во Грција прават сѐ што можат во борбата за своите права и ја информираат светската јавностза што сѐ се има случено во Егејска Македонија за овие 100 години. Но, нив им е потребна помош од надворешни фактори, а посебно им е потребна помош од матицата. Матицата, Република Македонија со бришењето на член 49 од Уставот и официјално се откажа од можноста да ги застапува македонските малцинства, како во Грција така и во другите соседни земји. Грчкиот став во спорот за името не е само бришење на името на Република Македонија, туку и бришење на македонскиот јазик и идентитет. Тоа, колку што е вперено кон Република Македонија, толку е и спрема македонското малцинство во Грција. Последните говори на повеќе грчки политичари, меѓу нив и на председателот на државата, имаат иста порака – сѐ што е македонско е грчко.
    Македонските политичари, без разлика на партиската припадност, по сѐ изгледа не сфатиле дека негирањто на македонското малцинство во Грција и спорот за името е всушност исто прашање – со признавање на едното, Грција ќе мора да го признае и другото и истовремено ќе мора да го признае културниот геноцид над Македонците во Грција. По сѐ изгледа дека на македонските политичари им недостасува анализа дека патот за решавање на конфликтот за името не оди преку Атина, Скопје или Њујорк, туку преку Кукуш,Воден и Лерин.

Пишува: Јован Христовски

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М.🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Превземено од: По патот на Македонската историја

  • Ознаки
  • Беломорска Македонија
  • Геноцид
  • Македонци
  • Терор

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Пандов со интересни околности за аферата "Рекет II"
Следна објава Цветан Трипуновски кон власта: Не им го земајте лебот од уста на земјоделците
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 545
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 901
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 929
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 575
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 582
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 806
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 592
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1020
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 543
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

634
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2161
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202019
Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Регион

Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат

Авг 12th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.