Со победичка атмосфера и еуфорија во Виница беше дочекана одлуката Мартин Павлов да биде кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Павлов е актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот, угледен и почитуван граѓанин во поширокиот регион.
Партискиот штаб беше претесен да ги собере сите членови и симпатизери кои јасно порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ со кадар како Павлов ќе однесе победа уште во првиот круг на локалните избори закажани за 15-ти октомври.
Извор: Курир


