Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во доцните часови упати своја реакција со аларм до надлежните и целокупната Македонска јавност за катастрофалната состојба со пандемијата во која е втурната државата и Македонскиоте граѓани под власта на Зоран Заев и Венко Филипче.
Мицкоски ги посочи бројките од црната статистика во текот на вчерашниот ден и ја нагласи дефектноста на прњдлог законот за заразни болести кој што власта го форсира за негово донесување.
“640 новозаразени и дури 12 починати. А законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните туку за надлежностите и процедурите.
Но, не ја испуштија можноста да посочат виновници и направат политика. И додека се чека 27-ми, кога и е на дневен ред законот, фали уште и луѓе да умираат по улици, бидејќи здравствениот систем е трул, не е ефикасен и е пренатрупан.
Бог нека ја чува Македонија. Очигледно владата тоа не го може одамна.”
-напиша Христијан Мицкоски на фејсбук.