Градежна оператива работи интензивно во населбата Лозов Расадник во Свети Николе со цел за овозможување на канализационен приклучок на повеќе семејства и домови на повеќе улици во населбата.
Станува збор за промена на претходно изведената траса на каназиациони линии кои што биле несоодветно поставени при што оневозможувале приклучок на сите домаќинства на канизационата мрежа, информираат од општина Свети Николе.
“На потегот на улиците во Лозов Расадник се работи со зголемен интензитет.
Заради несоодветно решение на канализационата мрежа изградена во претходните години , приморани сме да ја смениме трасата заради тоа што била поставена несоодветно и непрофесионално.
Канализација ќе се постави по нови коти заради поврзување на куќите кои досега не можеа поради големите пропусти.
Мора да ги поврземе сите домаќинства за да потоа го асфалтираме потегот.”
-соопшти градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев преку социјалните мрежи.
Дали ќе биде покрената постапка за одговорност за претходното несоодветно поставување на канализационата мрежа е прашање кое што се наметнува по ваквата состојба за која информираат од општина Свети Николе.