Дојдено е времето за нова жестина и нова енергија во светот! Њу-Матал бендот “Слипнот” (Slipknot) ја вклучија повторно машината на жестокиот звук и суровата реалност дека животот не е бајка, животот не е зачмаеност и летаргија, туку вечна борба, кревање глас и зборување за најтемните човекови предрасуди и стереотипи.
Со новиот сингл “Unsainted” за нивниот долго очекуван нов албум, Slipknot се враќаат на голема врата во фронталните редови на гласноговорниците на алтернативниот метал звук, со голем удел на емо влијанието во нивната нова песна.
После речиси двегодишно шпекулирање и очекување бендот конечно го објави и насловот на својот нов албум:
WE ARE NOT YOUR KIND

Албумот ќе излезе во продажба на 9-ти Август во продукција и издание на Roadrunner records, што претставува сериозен основ за восхит од страна на фановите на бендот.
Распоредот и имињата на песните исто така го видоа светлото на денот:
1. Insert Coin
2. Unsainted
3. Birth Of The Cruel
4. Death Because Of Death
5. Nero Forte
6. Critical Darling
7. Liar’s Funeral
8. Red Flag
9. What’s Next
10. Spiders
11. Orphan
12. My Pain
13. Not Long For This World
14. Solway Firth
Со својот нов спот за нивниот најнов сингл бендот препознатлив по својата костимографија (меѓу другото) ги открива и своите нови маски, што претставува исто така впечатлив детал за целата приказна наречена Slipknot.