Педесет велосипедисти од десетина велосипедски клубови од државата беа дел од Вело -крос трката во рамките на Купот на Македонија. Овој спортски настан беше организиран од страна на Младинскиот велосипедски клуб од Велес и Велосипедската федерација на РСМ.
Ова е четврта и последна Вело-крос трка за оваа сезона, а следните трки во друмски велосипедизам ќе се одржат во Кичево и повторно во Велес. Беа доделени и награди на најуспешните во четирите категории и тоа кадети, мастерс, јуниори и сениори.
Категорија кадети:
1. место Лука Димитријоски
2. место Давид Ристовски
3. место Благој Марковски
Категорија мастерс:
1. место Златко Пецовски
2. место Љупчо Глигоровски
3. место Миле Силјановски
Категорија јуниори:
1. место Виктор Ванчевски
2. место Кристијан Максимовски
3. место Кристијан Ванчевски
Категорија сениори:
1. место Тефик Салахи
2. место Кирил Марковски
3. место Марио Петровски