Оган за скара кој го потпалиле двајца браќа во беровско Смојмирово, предизвика појава на пожар кај месноста Сливница.
Како што информира командирот на ТППЕ Берово, Зоран Ајтовски, проблемите настанале кога огнот од скарата се проширил и ја зафатил околната шума.
-Наша екипа интервенираше во пожарот кај месноста Сливница во кој изгореа осум хектари папрат и сува трева. Причината е невнимание кое за среќа навреме беше спречено да не прерасне во поголема опасност по околината
– информира Ајтовски.
Од ТППЕ Берово апелираат да не се палат стрништа бидејќи поради ваков случај на почетокот на месецот од невнимание изгорел овоштарник и шупа, за што во моментот е поднесена кривична пријава против сторителот.