Надлежната комисија составена од претставници на општина Делчево, центарот за вработување и центарот за социјални работи ги одбра 15 кандидати кои ќе бидат дел реализацијата на проектот општинско корисна работа, проект кој по 6 пат ќе се спроведува на територијата на општина Делчево. -Претходно беше распишан оглас кој траење дпо 24 септември по кој од 31 пријавнео лице беа одбрани 15 кандидати кои ќе бидат ангажирани во наредниот период. Проектот се спроведува со центарот за социјални работи, центарот за вработување и општина Делчево, рече Наташа Димитровска од ЕЛС Делчево. За период од 6 месеци ангажираните лица ќе земаат надомест од 6200 денари а првите активности од проектот започнуват на 1 Октомври. -Вкупно 6 лица ќе бидат ангажирани за грижа на стари и изнемоштени лица, 6 лица за надополнување на негата во детската градинка, 2 лица за надополнување на капацитетите на народната кујна и 1 лице за надополнување на воспитино образовниот процес во градинката. Средтсвата се обезбедени од UNDP и општина Делчево, додаде Димитровска. Проектот општинско-корисна работа е со времетраење од 6 месеци, а со истиот е планирано да бидат опслужени 420 крајни корисници.