Очигледно денешното обраќање на Игор Јанушев во Македонскиот парламент ја погоди целта.
Нарекувајки ги функционерите на СДСМ криминалци, рекетари, неспособни а сега и неписмени, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ доби посветена порака од Љупчо Николовски.
Во своето обраќање Генералниот секретар на СДСМ побара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да истуркале некои работи заедно.
Игор Јанушев на тоа кратко му одговори:
“Ја опљачкавте државата до гола кожа, и сакате да бидеме мирни и смирени. Тоа е филм кој нема да го гледате.”
Ваквата поларизирана состојба во парламентот е рефлексија на поларизираноста на Македонските граѓани кај кои од едната страна има малкумина партиски војници на СДСМ кои поради својата подреденост на строгата внатрепартиска режимска власт и конформизам мораат да ги поддржуваат штетните политики на СДСМ и Зоран Заев, наспроти мнозинството на Македонски граѓани кои што секојдневно преживуваат веќе на раб на егзистенцијата барајки излез од актуелната криза некаде надвор од државата.