Јован Пецуровски од Новаци е типичен пример на секојдневен Македонски херој кој што преживува под тупаницата на актуелните власти во државата, како што тоа го прават огромен број Македонски граѓани во последните три години.
Тој остана без својата работа со што остана без егзистенција за себе и своите две дечиња и сопруга.
Сведоштвото кое го пренесува во прилогот на АЛФА ТВ треба да ги замисли сите Македонци, до каде оди сценариото за разнебитување и уништување на Македонското постоење низ здивот на секој еден ваков Македонец.
Оваа приказна во продолжение е присутна насекаде низ Македонија. А гревот на ваквите Македонци е единствено што си ја сакаат Македонија и се гордеат со своите Македонски вредности.