Прес конференција на Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ во врска со злоупотребата на деца во политичка кампања на Зоран Заев и немилиот настан од неделата кога дете се онесвести на бината зад Зоран Заев додека држеше политички говор.
Владата предводена од Заев води агресивна кампања за промена на името, безмислосно трошејќи народни пари за свои политички цели. Жртви на оваа кампања се и најмалите. Власта ги злоупотребува децата и на своите рекламни материјали, а со нив ја покрива и слабата посета на средбите со граѓани и трибините.
Јавноста е сведок на последниот немил настан во Скопје кога на говорот на Заев едно од децата се онесвести, а тој без око да му трепне само го погледна и продолжи да говори. Ете тоа е резултатот од искористувањето на децата во политички цели, кои зад себе кријат тесно партиски интереси на криминалниот картел на власт.
Очекувавме во овие два дена наназад Заев барем да информира каква е здравствената состојба на детето, да се одважи и да се извини, но очигледно толку е зафатен со своите манипулации на граѓаните што нема време за тоа.
Срамно и безобразно е однесувањето на власта кои користејќи се со децата во кампањата сакаат да играат со емоциите на народот и на тој начин да го покријат капитулантскиот договор со кој не само што не нудат извесна иднина на младите, туку им ускратуваат било каде да кажат гордо дека доаѓаат и живеат во Република Македонија.
Почитувани граѓани, почитувани родители гледате колку им е грижа на Заев и картелот на власт за вашите деца. Битно им е да ги употребат за некој политички поен, за некој грст гласови. Иднината на нашите деца е многу повеќе од плакат со изнасилено насмеаниот Заев или секвенца од прескапо платен спот. Иднината на нашите деца се гради со многу работа, труд и заложби, а не со неспособност и неработење како што прави оваа неодговорна власт. Оваа криминална власт со месеци наназад се влечка по плоштади наместо да засука ракави и барем нешто да сработи за интересот на младите и на сите граѓани во Република Македонија.