Во минатите неколку денови разно-разни лажни известувачи и спин-мејкери од про-владина провиниенција пласираа информации дека ВМРО-ДПМНЕ ќе била наводно исклучена од членство во Европската народна партија која што е чадор партија за најголемиот број и најзначајните конзервативни лево-центристички партии во Европа.
Денеска на својот твитер профил лично претседателот на EPP (European People’s Party), Џозев Дол објасни зошто тоа е ноторна лага.
Во врска со членството во ЕПП: постојат јасни правила за исклучување на политичка партија од ЕПП. Член 9 од нашите статути јасно укажува дека 7 членки од 5 земји мора да испратат барање за исклучување на некоја политичка партија. Секогаш се однесуваме согласно правилата, но се уште немаме примено такво барање.
-напиша Џозев Дол.
On #EPPmembership: there are clear rules to exclude a party from @EPP: art 9 of our statutes clearly states that 7 members from 5 countries must send a request to the party presidency to exclude a party. We always abide by the rules but we haven’t received such a request yet
— Joseph Daul (@JosephDaul) October 17, 2018