• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

октомври 14th, 2019 Регион, Што да се види?, Што да се прави? коментари 3484

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Голак е средно висока планина (Чавка, 1538 m) во источниот дел на Репуб­лика Македонија, која се протега помеѓу Делчевска Котлина и Разловечка Клисура на исток, Калиманско Поле и Кочанска Котлина на запад и долината на Осојница на југ.

Како типичен хорст, во наведените граници зафаќа површина од 220 km2. На север и исток, падините се спуштаат до реката Бре­гал­ни­ца, која прави голем (тектонски условен) лак околу оваа планина. Кон југ, од Голак постепено продолжува огранокот Обозна, но морфолошка граница помеѓу нив не е јасно изразена. Планината генерално има меридијански правец на протегање, со должина на би­лото од 20 km, а просечна широчина од 10-12 km. Највисок врв на Голак е врвот Чавка (1538 m), а на Обозна врвот Јастреб (1273 m). Врвот Чавка е доста доминантен и од него се протега одличен видик кон целиот овој простор и кон територијата на Бугарија. Близу до него е врвот Св.Пантелејмон (1508 m), каде се наоѓа истоимената впечатлива црквичка. Тоа се единствените врвови над 1500 m, а покрај нив има уште 4 врва над 1400 m. 

Фото 21.04.2010 година
Врвот со црквата Св. Пантелејмон на 1508 МНв

Планината Голак, административно припаѓа на две општини: поголемиот, источен дел на општината Делчево, а помалиот западен дел на општина Виница. Еден сосема мал сегмент од планината (т.е. од огранокот Обозна), над с. Митрашинци, административно припаѓа на општина Берово.

Фото 01.03.2012 година
Регионалниот пат Делчево-Голак под снежна покривка

Голак има бројни природни вредности, кои главно се слабо познати на јавноста. Во геолошки поглед, планината е составена од гранити во централниот, највисок дел (Делчевски гранити), а странично и кон подножјето од гнајсеви и шкрилци. Наведените карпи се прекамбриумски до палеозојски, стари над 300 милиони години. Во пониските делови се јавува еоценски флиш над Делчево и плиоцени песоци, чакали и глини долж целото подножје. Од сите страни, планината е ограничена со раседи. Релјефот се одликува со едно изразито планинско било изградено од гранити и доста расчленети страни кон исток и кон запад. Гранитите условиле појава на интересни денудациски форми на повеќе места на планината, во вид на карпести блокови и плочи, остенци, плитки вдлабнатини во карпите, мали поткапини и др. Долж подножјето, посебно на присојните, оголени страни, гранитите се распаднати во вид на грус. Силна ерозивност се јавува и во шкрилците, а особено во плиоцените седименти до височина од 900 m. Затоа, овде има честа појава на долови, бразди, бедленд терени, земјени пирамиди (Кукуље во долината на Лошана), свлечишта и други форми. Некои од споменатите форми се интересни, доста атрактивни и привлечни за туристите. Всушност, Голак во минатото бил доста оголен, па се претпоставува дека од тука е и името. Поради заштита од ерозија, во минатиот век значителни површини биле пошумени со четинарски видови. Особено густа пошуменост има во највисоките делови, над 1200 m. Во овој висински појас се и повеќето планински извори, кои се со одлична, питка и студена вода. Дел од изворите се зафатени за чешми или се користат за водоснабдување. Без оглед на споменатите извори, поради големата оголеност, Голак е релативно сиромашен со вода и постојани површински водотеци. Така, од планинското било се спуштаат неколку покарактеристични потоци и реки, меѓу кои попознати се: Бигланска Река, Трсинска Река, Пекљанска Река, Лошана, Петрашевец и др. Овие рекички имаат доста променлив протек, така што во влажен период се вистински реки, а во лето, често пресушуваат. Дел од нив имаат длабо всечени клисурски долини, мошне атрактивни за планинарење, трекинг и планински велосипедизам. Такви се особено долините на Пекљанска, Сушичка и Лошана, во јужниот дел на планината, со помали водопади, брзаци и слапови. Покрај реките, на Голак или во нејговото подножје се изградени повеќе вештачки акумулации. Најголема и најпозната е Калиманци, потоа Лошана северно од с. Разловци и Петрашевец кај Делчево. Првите две акумулации се богати со риби и привлечни за риболовците, но и за бројните посетители кои уживаат во прекрасните пејсажи околу нив.

Фото Зајдисонце на Голак

Климата на Голак е континентална во подножјето, до континентално-планинска во највисоките делови. Воздухот е доста чист, богат со кислород, а осончаноста како за планина е долга и изнесува околу 2200-2300 часа годишно. Средногодишната температура е околу 11°С кон подножјето, до 6°С околу врвот Чавка. Во жешките летни денови, температурите на воздухот на врвот на Голак се за 5-6°С пониски отколку во Делчево или Виница, што е вистинско освежување од жештините. Врнежите се во опсег од 600-700 mm годишно, главно во пролетниот и есенскиот период. Во зима, дел од врнежите е во вид на снег, а над 1400 m височина, снегот обично се задржува 2-3 месеци.

Фото Зајдисонце гледано од Голак

И покрај пошумувања во втората половина на XX век, планината Голак сеуште е сиромашна со шуми. Особено е уништен дабовиот комплекс. Сепак, повисоките предели се со густи листопадни и четинарски комплекси. Покрај тоа, се јавуваат голем број на ретки, ендемични растенија и лековити билки и чаеви кои се берат од месец април па се до месец октомври. Такви се жолт и црвен кантарион, мајчина душица, бела рада, ајдучка трева, бозел, шипинки, капини, диви јагоди, подабиче, нане, јаглика и други. Се среќаваат и голем број на печурки меѓу кои и јадливите вргањ, лисичарка, буковка, срндак итн. Од животинскиот свет, на планината Голак се среќава ситен и крупен дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, по некоја срна, потоа различни видови на влечуги, птици и др.

Фото Мотив од Туристички локалитет Голак (Локација предвидена за ски-патека)

Наведените природни вредности, како и културните содржини (археолошки остатоци, цркви, манастири, споменици, манифестации, локалните специјалитети), чинат Голак да биде атрактивна планина. Една од главните потреби на туристите е обновување или изградба на дополнителни солидни сместувачко-угостителски капацитети.

Фото Надворешен изглед на некогашното детско одмаралиште на Голак

Фото Внатрешноста на некогашното детско одмаралиште на Голак (сега со руиниран ентериер)

Порано, најголем капацитет беше детското одморалиште со 230 легла, но моментално тоа е во многу лоша состојба. Освен него, постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено како што се Вила Гранит, Вила Фротирка, Синдикална Вила, Вила Технозавод, Шумска Вила која е сопственост на Шумско стопанство Голак од Делчево како и неколку камп приколки кои се во релативно добра состојба.

Фото Локацијата на камп приколките во Туристичкиот локалитет Голак

Фото Локацијата на камп приколките во Туристичкиот локалитет Голак

Туристичката положба на масивот е одлична бидејќи во радиус од 20 km се неколку града и тоа: Делчево, Македонска Каменица, Виница и Берово. Од Делчево, до самиот врв Чавка, води асфалтен пат, кој неодамна е обновен и во одлична состојба. Во подножјето на Голак пак, поминуваат повеќе значајни регионални патишта, како и меѓународниот пат за Бугарија.

Фото Некои од постојните некогашни вили на претпријатијата во општествена сопственост

Сето наведено било причина уште од средината на минатиот век Голак да биде поинтензивно користен за туристичка намена со изграден пат, детско одморалиште, неколку други објекти на самиот врв и сл. Затоа, во 1980-тите години бил доста посетуван, како од најмладите, така и од повозрасните. По 2-децениското запуштање, денес повторно се враќа интересот за планината. Обновени се некои капацитети, поставени се повеќе велосипедски и пешачки патеки, а има и размислувања за подигање на зимски спортски центар со скијачки патеки околу врвот Чавка. Сепак, поради малата височина (1500 m), неповолните експозиции (главно јужни и западни) и несоодветната денивелација на теренот, многу посоодветно би било да се вложат средства во други спортско-рекреативни туристички активности (трекинг, отворени спортски терени, адреналински паркови, маунтбајкинг, параглајдинг и др.). Всушност, Голак има одлични услови за излетнички, спортско–рекреативен, трекинг, маунтбајкинг, геотуризам, зип-лајн, адреналински паркови и други екстремни спортови, параглајдинг, едриличарство и сл.

Фото Спортски терени на Голак

За развој на туризмот, многу треба да се вложи и во презентација на планината Голак и нејзините вредности, бидејќи истите се слабо познати на македонската јавност. Затоа е неопходно изработка и одржување на веб-страници, понуда на приватно сместување, користење на светски портали за промоција на туристички локалитети и сместување, како Booking.com, TripAdvisor, AirBnb, изведба на поголем број настани и бројни други активности.

Фото Планинска вила Голак (единствен функционален сместувачки и угостителски објект на Голак)

Останува да се надеваме дека оваа мала, но атрактивна планина, брзо ќе го врати некогашниот туристички сјај и ќе стане препознатливо и посетено место.

На планината Голак се одиграла една од најголемите битки во пред-Илинденскиот период во која животот го загубиле

– Максим Нинев – Војводата (с.Тресонче), Петре Јуруков (с.Тресонче), Добе Јосифов (с.Тресонче), Ефто Ристов Чалија (с.Лазарополе), Спасе Глигоров – Гудурот (с.Лазарополе), Никола Долев (с.Лазарополе), Милош Митрев (с.Сливен), Ѓорѓе Сливенски (с.Сливен), Димитар Стефанов – Подвојводата (с.Јабланица), Софроние Спасов (с.Осој), Марко Ристов – Дадара (с.Росоки), Марко Росочки (с.Росоки), Доле Ехлоски (с.Ехловец), Милош Богданов (с.Годивје), Ташко Цветков (с.Гари), Ристо Китанов (с.Долно Косоврасти), Анѓеле Ѓоргоски (с.Селце), Марко Урдарески (с.Рајчица).

Повеќе за војводата Максим Ненов и за битката на планината Голак може да прочитате на нашиот портал во сл. статија

https://bregalnicki.mk/za-maksim-nenov-makedonski-revolucioner-ko-zaginal-na-planinata-golak-delchevsko/

Преку падините на планината Голак поминувал и Февруарскиот поход, каде биле донесени значајни стратешки одлуки за натамошниот развој на борбените дејствија против германските и бугарските фашистички сили кон крајот на Втората Светска Војна.

На планината Голак се наоѓа Манастирот Св. Пантелејмон за кој помеѓу локалното население се верува дека има исцелителни моќи.

Фото Меѓународна манифестација “Голачки фолклорни средби” и голем народен собор во чест и слава на Св. Пантелејмон

Фото Ентериерот на црквата Св. Пантелејмон на Голак

Овде на празникот Св, Пантелејмон кој што е на 9-ти Август има голем народен собор.

Ноќта 8-ми спроти 9-ти Август околу врвот кој исто така го носи името Св. Пантелејмон ноќеваат под отворено небо голем број верници секоја година од цела Македонија и пошироко од светот.

Фотографии од Голачки фолклорни средби 2014 година

Таа вечер на летната сцена пот врвот Чавка се случуваат секоја година Голачките фолклорни средби, која што е меѓународен фестивал на фолклорот во кој учество земаат афирмирани фолклорни групи и ансамбли од цел свет.

  • Ознаки
  • Голак
  • Што да се види?

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 6)-Втора Балканска војна
Следна објава Родина ја претстави својата визија за "Развој и заштита на семејството"
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 30
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 225
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 181
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 259
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 180
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 75
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1248
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 154
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 331
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

964
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

1795
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202224
Стари Македонски поговорки во северен манир во интерпретација на Владо Јовановски
Македонија

Стари Македонски поговорки во северен манир во интерпретација на Владо Јовановски

Авг 7th, 201923
Пред Стефан Душан и Стефан Милутин бил Македонски цар
Македонска бесмртност

Пред Стефан Душан и Стефан Милутин бил Македонски цар

Сеп 23rd, 201921
Кога навистина и од кого е ослободено Царево Село (Делчево) во II Светска војна
Македонска бесмртност

Кога навистина и од кого е ослободено Царево Село (Делчево) во II Светска војна

Сеп 19th, 202121
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.