Откако во месец март им биле скратени дел од платата на вработените во Македонски шуми по реакцијата на вработен во ова јавно претпријатие во јавност, раководството од власта се предомислиле. Кире Михаилов кој што е вработен (моментално суспендиран) во Македонски шуми реагираше со остар тон во јавноста по што надлежните веројатно се предомислиле во својата намера па на вработените им било соопштено дека она што им било скратено во месец март од платите ќе им биде исплатено за месец април.
Скратените сретства од платите за месец март се однесувале на делот од платата со кој се плаќа минатиот труд, бонусот на плата за ноќни и дополнителни часови кои што вработените ги одработиле како дел од својот ангажман а властите во Македонски шуми им ги скратиле за месец март.
За ваквата постапка повторно во јавност реагираше со свој коментар Кире Михајлов, чиј што текст го пренесуваме во продолжение:
“Сметав дека треба, пишав и ја добивме оваа битка. Со априлската плата, ќе го добиеме се она што го скратија за март!
…………………………………………………………………..
Можеби и за ова ќе ме “дисциплинираат”,
но целта ги оправдува средствата!
Велат, оној кој е од народот и со народот, сочувствува со него.
Ги знае неговите проблеми и потреби.
Луѓето како мене, енергијата ја црпат токму од ова, благодарноста од сите оние за кои го правам тоа независно колкава ќе биде цената за мене.
Ова е огромен доказ дека “недопирливите” од хибридниов режим се толку опседнати со “други работи” што грешат банално, основно, да не кажам првоодделенски!
Само кратко и јасно би порачал,
“Јадењето може ќе биде изедено,
ама тепсијата ќе си стоооо” !!!
Доаѓа денот за одговори и одговорности!”
-напиша на фејсбук Кире Михаилов- вработен па суспендиран од раководството во Македонски Шуми.


