Лозана била родена на 18-ти август 1933-та, во Приштина. Била членка на обласното позориште во Приштина, а потоа од 1955, па се до 1991 била членка на турската драма на театарот на народностите во Скопје. Нејзини истакнати улоги се скамполо и мирандолина во истоимените дела, Aна во „Мајка храброст“, Емина во „Лудата Емина“, Долорес во „јерма“, капларот во „Кавкаски круг со креда“.
Мушереф Лозана Прекиќ, во 2016 година го доби признанието „13 ноември“, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје.
Погребот е утре, од 15 часот, на гробиштата „Бутел“, а додека, пак, комеморацијата е закажана за 2 април (вторник) во 12:00ч. во театарот „Комедија“