• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

Посетата на Ненси Пелоси на Тајван може да доведе до конфликт помеѓу САД и НР Кина

август 1st, 2022 Анализа, Колумна коментари 382

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Посетата на Ненси Пелоси на Тајван може да доведе до конфликт помеѓу САД и НР Кина

Глобалниот судир помеѓу САД и НР Кина е влегува во жешка фаза и лесно може да прерасне во Светска Војна. Центарот на светското внимание во моментов не е Украина, а Тајван и планираната посета на Ненси Пелоси, Претседателката на Претставничкиот дом на САД. Целиот свет со нетрпение очекува дали Ненси Пелоси ќе го посети или не Тајван, и евентуалната посета ќе доведе до отворен конфликт помеѓу САД и НР Кина. 4-ти август ќе биде денот Д и за Тајван, и НР Кина и за САД. САД во последните неколку години смислено работат на ескалација и деградација на односите со НР Кина, и за таа цел го користат Тајван, кој што е Ахилова пета за НР Кина.

          Иако САД и скоро целиот свет признаваат дека Тајван е дел од НР Кина, со исклучок на 14 мали и безначајни држави кои ја имаат признаено независноста на Тајван, тоа не им пречи на САД да играат на картата на Тајван, да го подржуваат и вооружуваат Тајван и на тој начин да ја провоцираат НР Кина на акција. За НР Кина Тајван е од животна важност, без контрола на Тајван и на морските пространства, НР Кина не може да биде светска сила.

Американската внатрешна политика ја диктира американската надворешна политика. Демократите се во незавидна ситуација пред изборите за Конгресот и Сенатот на САД во ноември 2022 година, и се надеваат дека конфронтацијата со НР Кина ќе доведе до консолидација на демократите и на американското општество. Конфронтацијата со НР Кина е диктирана од внатрешната состојба и политика во САД. Но во однос на НР Кина, во САД постои конзензус помеѓу демократите и републиканците. За САД, НР Кина е главниот стратешки непријател, и преку Тајван може да се дестабилизира НР Кина и нејзиниот развој. За таа цел, пред претстојниот 20-ти Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина на кој што претседателот Кси Џинпинг треба да добие трет мандат да ја води НР Кина, САД се обидуваат по секоја цена да го спречат третиот мандат на Кси, и со посетата на Пелоси на Тајван и евентуалното нереагирањето од страна на НР Кина да го урне авторитетот на Кси и да го спречи неговиот реизбор. 

Ненси Пелоси важи за еден од најжестоките јастреби против НР Кина и подржувач на Тајван во американската администрација и естаблишмент во последните 30 години. Ненси Пелоси во својот последен твит од Хаваите твитна дека таа со својот тим ќе ги посети Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија, додека Тајван не беше дел од твитот. Но, кинеското разузнавање очекува Ненси Пелоси 4-ти август да го посети Тајван.

НР Кина изјави дека е спремна на секое сценарио, дури и да ја употреби својата армија за да ја спречи посетата. Можно е воведување на Зона на забранети летови над Тајван и регионот, а кинеските државни медиуми дури и повикуваат на уривање на авионот со Ненси Пелоси. Народноослободителната армија на Кина започна големи воени маневри околу Тајван и во Јужното Кинеско море. Народноослободителната армија на Кина, на 95-годишнината од своето основање објави краток запис „Подгответе се за војна“. На интернет се појавија безброј видеа на кои што се гледа дека Народноослободителната армија на Кина активно распоредува воени единици и оклопни возила во провинцијата Фуџијан, најблиската територија до Тајван во континентална Кина

Кси Џинпинг за време на телефонскиот разговор со Џо Бајден на 28-ми јуни јасно му пренел на Бајден: „Не можете да одите против мислењето на народот, играјќи си со оган, ќе се изгорите. Се надевам дека американската страна го разбира ова јасно. САД треба да се придржуваат до „принципот на една Кина“. Кина цврсто се спротивставува на тајванската независност и мешањето на надворешните сили“.

Американската војска изјави дека е спремна да обезбеди масовно покривање за посетата на Пелоси на Тајван. Пентагон смета дека кинескиот напад врз авионот на Пелоси е малку веројатен, но сепак Пентагон развива планови за каква било непредвидена ситуација: ќе се воспостави силен безбедносен периметар околу Пелоси со помош на борбени авиони, 2 носачи на авиони со ударни групи, и средства за разузнавање и радио-електронско војување.

Доколку посетата на Пелоси на Тајван се оддржи, а НР Кина никако не реагира за да ја спречи, тоа ќе значи дека САД го признаваат Тајван. Кинеската слабост и нерешителност САД и сојузниците ќе ја искористат за притисок на разни други правци, што ќе ги зајакне позициите на САД, а ќе ги ослаби позициите на НР Кина во светот. Судбината на НР Кина ќе биде решена, и НР Кина никогаш нема да биде светска сила. Доколку Пелоси и САД се откажат, тоа ќе биде уште еден во низата геостратешки порази за САД, и јасен сигнал до сојузниците и државите во Индо-Пацификот и во светот, дека американската моќ и влијание слабее.

Судирот помеѓу САД и НР Кина е од егзестенцијална природа, а ситуацијата со планот на Пелоси за посета на Тајван ги става и двете страни во тешка позиција. Ситуацијата наликува кога два автомобила се движат еден наспроти друг со голема брзина, и ниту еден од шоферите не сака да сврти лево или десно и да го избегне судирот. Од евентуалната посета, откажување на посетата на Ненси Пелоси на Тајван, или спречувањето на посетата од страна на Народноослободителната армија на Кина зависи иднината на Тајван, на НР Кина, на Азија и на светот.  Влогот е голем и за двете страни, и секое покажување на слабост и повлекување ќе доведе до озбилни последици за страната која што ќе се повлече.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • кина
  • Колумна
  • САД

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Следна објава Почеток на нов тротоар, атмосферска канализација, потпорен ѕид... дел од дневните активности на ЈП "Стипион" Штип 01.08.2022
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 405
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 406
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 357
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 420
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 352
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 698
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 458
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 504
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 526
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1350
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1767
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Најава за "востание" на Македонците ширум Европа
Свет

Најава за "востание" на Македонците ширум Европа

Мај 31st, 201823
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.