Православната црква го празнува споменот на Солунскиот великомаченик и чудотворец, Свети Димитриј, на 8 ноември (26 октомври по стар календар).
Свети Димитриј е роден во Солун, во третиот век, како син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал христијанската вера. Поради тоа цезарот Максимијан го погубил. На местото каде што бил погребан подоцна е подигната црквичка, а потоа и голема црква во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.