• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Репортажи

Премиера на Кинжал. Масовна употреба на Искандер и Калибр во војната во Украина

април 11th, 2022 Колумна, Репортажи коментари 976

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Премиера на Кинжал. Масовна употреба на Искандер и Калибр во војната во Украина

Како гром од ведро небо одекна веста дека Русија во март за да уништи две стратешки воени цели во длабочината на Украина употребила хиперсонични ракети од типот Кинжал истрелани од авионите МиГ-31К од воздушниот простор на Беларусија. Исто забележана е и прва борбена употреба на ПВО системите С-400 за уништување на украински борбени авиони и тактички балистички ракети од класата Точка-У на големо растојание над територијата на Украина.

Многумина сигурно се прашуваат какви видови на оружја и системи користи Русија во Украина. Од почетокот на војната против Украина на 24-ти февруари, армијата на Руската Федерација употреби голем број на нови видови на оружја и технологии. На тој начин, не само армијата и Генералштабот, туку и воено-индустрискиот комплекс на Русија, како и научните центри, имаат можност во реалност да ги проверат новите и модернизирани видови на оружје и технологии, и дали истите тие одговараат на параметрите кои што им се дадени при развојот и производството.

Покрај хиперсоничните ракети Кинжал и ПВО системите С-400, новите ПВО системи од среден дострел Бук-М3, Панцир-СМ, забележана е и прва масовна борбена употреба на ударните дронови Орион и Форпост Р, дроновите за разузнавање Орлан-10, дроновите камиказе Ланцет и Куб, на роботите од семејството Уран, на новите современи системи за минирање на голема далечина Земледелие, реактивните системи Град Г, Ураган Г, самоодните хаубици МСТА-СМ2 со паметните артилериски гранати Краснопол, новите модернизирани тенкови Т-80БМВ, Ту-72Б3М, новите борбени десантни возила БМД-4М, оклопните камиони Тајфун-К, против-тенковски системи Корнет-М како и други видови на оружје.

На своите секојдневни брифинзи и прес-конференции на Министерството за одбрана на Руската Федерација, постојано на големиот број на монитори во Генералштабот на новинарите им се прикажуваат сцени снимени од различни беспилотни летала, специјални авиони, кои што го евидентираат и прикажуваат точното уништување на различни видови на украински воени објекти, оружје и системи. Во минатото голем број на „експерти и воени аналитичари“ тврдеа дека руските ракети и бомби не ги погодуваат целите, а сега на разните монитори гледаме како различни ракети, бомби точно и хируршки ги погодуваат и уништуваат различните цели и мети.

МиГ-31К вооружен со хиперсоничната ракета Кинжал

Покрај премиерата на хиперсоничните ракети Кинжал, евидентна е и масовната употреба на оперативните тактички ракетни системи Искандер М и Искандер К, опремени со балистички и крстаречки ракети, со радиус на дејство од 280 до + 2 500 км. Според американското разузнавање, Русија досега во војната против Украина истрелала повеќе од 1 800 крстаречки и балистички ракети од разни класи за уништување на украинската воена инфраструктура. Според разни проценки, Русија годишно произведувала повеќе од 400 крстаречки ракети Калибр. Новина е и тоа што против-бродските ракетни системи Бастион можат да истрелуваат крстаречки ракети од типот Калибр со радиус на дејство од + 2 500 км против цели на копно. Со што тие веќе стануваат универзални ракетни системи, а не само против-бродски. Првата ваква примена на Бастион беше за време на војната во Сирија, но факт е дека сега Русија масовно ги користи ракетните системи Бастион стационирани на Крим за изведување на ракетни напади против стратешки воени цели во Украина.

Главните ракетни напади врз Украина, ракетните единици на армијата на Руската Федерација, поточно оперативните тактички ракетни системи Искандер М, Искандер К, и Бастион ги изведуваат од териториите на Република Белорусија и на Крим.

Оперативниот тактички ракетен систем Искандер К

Покрај нив, главниот товар го носи и Црноморската флота, поточно бродовите и подморниците опремени со крстаречки ракети од типот Калибр, како и малите ракетни бродови на Касписката флота. Шесте мали дизел електрични подморници од класата Кило 636.3 Варшавјанка, трите фрегати од класата 11356Р Буревестник, еден мал ракетен брод од класата 22800 Каракут, четирите мали ракетни бродови од класата 21631 Бујан М од водите на Црното Море скоро секој ден истрелуваат крстаречки ракети од типот Калибр по цели на територијата на Украина. Плус бродовите на Касписката флота. Очите и ушите на Црноморската флота се средните бродови за разузнавање од класата 18280 Иван Хурс, и од класата 864 Приазов, кои што цело време се наоѓаат во близина на морските граници на Украина, и собираат разузнавачки информации.

Покрај ракетните напади од копно и од море, армијата на Руската Федерација ја користи и стратешката авијација, пред се стратешките бомбардери Ту-95МСМ и Ту-160 кои што од територијата на Русија истрелуваат по десетина крстаречки ракети Х-101 и Х-55 кои што имаат радиус на дејство до 5 500 км. Се работи за безконтактна војна, при што руските стратешки бомбардери не влегуваат во воздушниот простор и во зоната на дејство на украинските ПВО системи.

Главна звезда на воено воздушните сили на Руската Федерација се двата супер современи авиони за разузнавање и радио-електронско војување Ту-214Р.

Ту-214Р – специјалните авиони за радио-електронско разузнавање

Тие се ушите и очите на рускиот Генералштаб, и тие се најскапи авиони во составот на воено воздушните сили на Руската Федерација. Еден таков авион чини над 200 милиони долари. Но ги има во премал број, за нормално функционирање на руските воено воздушни сили се потребни од 8 до 12 вакви авиони. Поддршка им даваат старите но модернизирани и докажани повеќе од 20 авиони Ил-20М за разузнавање и радио-електронско војување, како и 3 Ил-22ПП. Плус авионите летачки радари А-50 и А-50У. Во воздушниот простор околу Украина 24 часа постојано летаат на смени авионите од типовите Ту-214Р, Ил-20М, Ил-22ПП и А-50 и А-50У кои што го контролираат не само воздушниот простор над голем дел над Источна Европа, туку тие исто и вршат постојано разузнавање, контрола и снимање и сликање на територијата и воздушниот простор на Украина. Истовремено со нив во небото постојано се и различни видови на борбени авиони, од повеќе функционалните борбени авиони, па до бомбардерите и стратешките бомбардери, кои што во реално време по заштитени канали добиваат информации за местоположбата и дислокацијата на целите кои што треба да бидат уништени, и со ракети и бомби со долг дострел, или со крстаречки ракети истите тие цели ги уништуваат. Јас со свои очи во Ростов видов како Ил-20М на секои 30 минути лета по однапред утврдена маршута на средна височина. Покрај овие специјални авиони, над Украина на постојано дежурство се наоѓаат различни видови на сателите на различна височина на ГРУ (Главната управа за разузнавање), како и на руските воено-воздушни и вселенски единици. Тие исто се очите и ушите од вселената, и тие во реално време до командните центри предаваат информации за позициите, движењето и дислокацијата на украинските вооружени сили.

Руските воено воздушни сили остварија воздушна доминација и контрола над небото на Украина, и за таа цел тие ги користат повеќе функционалните борбени авиони Су-35С и Су-30СМ, ловците МиГ-31БМ, бомбардерите Су-34 и Су-24М2, јуришните авиони Су-25СМ. Тие користат ракети воздух воздух Р-27, Р-37, Р-77 и Р-77М, Р-73 и Р-74, за уништување на украинските борбени авиони на далечина од 120 до 200 км, ракети воздух земја Х-29Т, Х-31 и Х-58, со радиус на дејство од 80 до 120 км, нови мали крстаречки ракети РВВ-БД приспособени за многуфункционалните борбени авиони и бомбардери со радиус на дејство од 200+ км, бомбите со голем радиус на дејство КАБ-500 и КАБ-1500, како и други видови на ракети и бомби. Евидентирана е и употреба на нови мини крстаречки ракети кои што се истрелани од бомбардерите Су-24М2, Су-34 како и повеќе функционалните борбени авиони Су-35С и Су-30СМ.

Повеќе наменските борбени авиони Су-35С

И покрај тоа што средните ударни дронови Орион и Форпост Р се одлични, сепак нивниот број е мал, и тие се употребуваат на одредени правци на оперативно ниво, и тие не се употребуваат на тактичко и стратешко ниво. Плус Русија сеуште нема палета на дронови од тешка класа, што е огромен минус. Тешките дронови Алтиус-У кои што можат да останат во воздух 48 часа се уште не се влезени во сериско производство. Во проектирањето, разработката и производството на дронови Русија заостанува зад САД, Израел и Кина, кои што се лидери во светот, но Русија заостанува и зад Турција и Иран. Рускиот Генералштаб уште нема разработено стратегија за масовна употреба на овие дронови на стратешко и тактичко ниво, и тоа ќе мора во иднина да го реши, како и масовното производство на ударни дронови, или купување на такви дронови од Кина и Иран.

Интересно е дека во војната во Украина руските воздухопловни сили за прв пат ги користат заедно борбените ударни хеликоптери Ми-28 и Ка-52, кои што се надополнуваат. По еден Ми-28 и еден Ка-52 во низок лет на 20 до 50 метри над земјата во пар летаат во зоните на воени операции и со своите против-тенковски ракети на далечина од 5 и повеќе километри ги уништуваат украинските тенкови, борбени возила, друга оклопна техника, огнени точки и жива сила. Евидентиран е уништување на украински тенк на 12 км со новите противтенковски ракети Вихр, што е импресивно.

Ударните хеликоптери Ми-28 и тенк Т-72Б3

Како резултат на старата советска школа, армијата на Руската Федерација ги користи транспортните хеликоптери од класите Ми-8 и Ми-17 и нивните разни верзии и модификации за извршување на десанти во позадината на непријателската територија. Јато такви транспортни хеликоптери со специјалци и падобранци, во придружба на ударни и јуришни хеликоптериб Ми-28, Ка-52, Ми-35М летаат на екстремно мали височини. Таквите летови се именувани како „Летот на Валкири“. Импресивен беше десантот на аеродромот Гостомел во околината на Киев, при што беа користени повеќе од 200 борбени хеликоптери од разни класи. Десантот го извршија припадници на руските падобрански единици и припадници на Силите за специјални операции.

Најголем дел од новите системи и модерни оружја ги потврдиле своите карактеристики, но дел од новите системи и оружја не ги потврдиле, при што истите ќе мора да бидат или модернизирани или нема да бидат произведувани повеќе, а наместо нив ќе се произведуваат нови оружја и системи. Посебно тоа се однесува на дел од копнените системи за радио-електронско војување, системите за радио комуникација, дел од командните возила, како и за комуникација на големи растојанија по заштитени канали. После војната во Украина, армијата на Руската Федерација и Генералштабот ги очекува нова сериозна реформа, која што треба да доведе до остранување на грешките во војната на Украина.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар



  • Ознаки
  • војна
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • опрема
  • оружје
  • репортажа
  • Русија
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Лозано со нов пролетен хит
Следна објава Уреден е нов репрезентативен и комфорен јавен парк на влезот на с. Таринци во општина Карбинци
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

980
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1600
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.