асно е во кој правец се движи државата, победивме по цела Македонија, добиваме чест и одговорност од нашиот народ. Нашиот народ очекува резултат, очекува работа. Такво време ако димензионираме пред нас ве уверувам дека сите ќе бидеме горди оти живееме дома, оти живееме во Македонија. Такво време мора да биде иднината на нашата Македонија, порача лидерот на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“ Зоран Заев вечерва од централниот митинг во Виница.
– Дојдов да побарам поддршка во име на новото време, кое што сите заедно го проектираме. Јас знам дека и Виница многу недвосмислено и јасно ќе се приклучи на победата. Во вториот круг разликите ќе бидат огромни, но немојте тоа да го чувствувате никако поинаку освен како одговорност. А лесно ќе биде ако навистина градиме пријателство и меѓу себе се поддржуваме и помагаме. Сите сме исти. На сите ни е мајка и татковина Македонија, рече Заев.
Се осврна и на младите и мерките за нивно задржување во земјата, како младинската гаранција и насочување на домашни и странски инвестиции за отворање нови работни места.
– Заедно со новата локална власт ќе работиме на многу економски проекти во Виница. Овде имаме сериозен потенцијал за жал Виница е една од местата каде има најмногу иселување на младите луѓе. Тоа значи аларм за централната власт да насочиме домашни и странски инвестиции токму овде. Ќе дадеме директна поддршка на секој домашен и странски инвеститор до 30 проценти повраток од инвестицијата само нека вложуваат овде да отворат нови работни места во Виница.., рече лидерот на СДСМ.
Вети поддршка од централната власт за сите капитални проекти од програмата на Ивица Димитров со уверување дека тој ќе биде новиот винички градоначалник бидејќи, рече, СДСМ вече го освои мнозинство во Советот на општината.
– Ако чесно работиме ќе има пари да ги решаваме сите проблеми на граѓаните. Четириесет и пет милиони евра заштедивме за 4,5 месеци. Има можности и бидува ако се сака. Затоа, ве уверувам доаѓа време на чесни политичари. Испраќам порака од овој митинг до цела Македонија. Нема простување за никого. Чесно има да работат сите и да им служат на граѓаните ако сакаме и Виница и Македонија да биде Европа и да живееме здраво и квалитетно, порача Заев.
Ивица Димитров, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Виница вети изградба на покриен градски пазар по европски терк, низа проекти за младите, за развој на спортот и културата во општината, реновирање на пензионерскиот дом во Виница и изградба на нови во поголемите наслени места, како и намалување на комуналните давачки.