Интересна споредба и асоцијација од страна на Горазд Росоклија на тема последните случувања во Македонија. Референдумот и нарачателите.
“Како деца постојано се тепавме во двобои за позиција во групата. Имаше деца кои не сакаа да се тепаат и нивното оправдување беше: ,,татко ми не ми дава да се тепам“.
Оваа власт, која не можам да ја наречам социјалдемократска бидејќи се без било каква идеологија и целокупното однесување (владеење) им е базирано на личниот интерес, ме потсети на тие деца. После триумфот на референдумот, триумф на македонскиот народ кој ги отфрли националното предавство и предавниците, власта, ,,социјалдемокративе“ се заканија со предвремени избори.
Се заканија!
Денес ,,татко им“ ,,не им дозволува да се тепаат“, т.е. да излезат на предвремени избори.
Таткото е секогаш попаметен, така е и во овој случај, но и кога не е, таткото издава наредби. Беда од карактери, срамот на македонската нацијата.”