Во недела со почеток во 13.0 часот во Штип опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ќе оджи протестен марш притив штетните антидржавни политики на актуелната власт, кои ја парчосуваат Македонија.
Во продолжение соопштението од Општинскиот комитет на партијата во Штип:
Почитувани, во недела 16.9.2018 во 13 часот заеднички да се придружиме на Протесниот марш кој ќе се одржи во Штип.
Заедно да испратиме порака дека сме против овие штетни антидржавни политики кои ја парчосуваат Македонија. Да кажеме дека кога Македонија е во прашање не постои алтернатива. Масовно да излеземе и да порачаме дека распродажбата на државата не е начин за подобар живот на граѓаните.
Собирно место.
Соборен храм „Свети Никола“.
#МакедонијаЌеПобеди