Според последните истражувања извршени врз службеници кои работат во канцеларија, покажа
дека вообичаениот осум часовен работен ден е непотребно долг, зашто тие се продуктивни само три до четриру часа.
Другиот дел од времето, луѓето го минуваат на интернет (еден час и 45 минути, во просек), или во разговор со колегите (40 минути), велат резултатите од анкетата на компанијата „Ваучер клауд”. Паузите за кафе траат просечно по 15минути, додека оние за пушење – 20 минути. Разговорите по телефон одземаат 20 минути, а четот – 14 минути. За ручекот, на еден канцелариски работник му требаат околу 15 минути. Има и такви кои си бараат нова работа, и тоа им одзема 26 минути дневно.
Обемноста на работата и нејзината одговорност, начинот на комуникација мегу лугето е главен фактор од кој зависат безброј прашања поврзани со должината на еден работен ден и неговата ефективност.